2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Новоформираната Национална установа Оркестар за џез-музика, која освен што доби од Владата трајна адреса во Националната опера и балет, добива и финансиски средства преку програмата ТАВ, со кои доделениот објект ќе биде соодветно реновиран. Проценетата проектантска вредност на реновирањето е околу 200 илјади евра (11.714.709,00 ден.), од кои 10 милиони денари се обезбедени преку програмата ТАВ, а преостанатите 1 милион 714 илјади денари ги обезбедува Министерството за култура. 

Започнува еден од најважните инфраструктурни проекти во историјата на Македонија. Во село Горна Бањица денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8.

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО СОВЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Цел на Советот за поддршка на женското претприемништво на општина Битола е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачки во општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања од интерес на женското претприемништво и родовата рамноправност, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачки и економско зајакнување на жените.

Советот за поддршка на женското претприемништво на општина Битола ќе има за цел:

  • да креира програми
  • да создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачки, како и
  • да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси на жените кои имаат желба да започнат своја претприемачка приказна за економско зајакнување.

На Јавниот повик може да учествуваат сите заинтересирани физички лица, претставници од бизнис сектор, претставници од образовен сектор, претставници од невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти кои работат во областа на на женските права, родова еднаквост и економско зајакнување на жените.

Повеќе информации за повикот може да прочитате на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/09/20230911121855007.pdf

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани