
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под насловот „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети.
Денес се навршуваат 79 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, советници од Советот на општина Битола, како и претставници на Сојузот на борци.
Само што започна нова учебна година и веднаш почнаа грижите на родителите. Образованието носи многу предизвици поврзани со нови наставни програми, недостаток на учебници и наставен кадар, променети навики за учење кај младите. Затоа, голем број родители бараат дополнителни форми на образование на нивните деца од најмала возраст. Во овој контекст, едукативниот Центар „Smart Kids“ од Битола веќе 11 години нуди квалитетна програма за индивидуална и менторска поддршка на ученици во нивното школување.
Идејата за отворање на еден ваков едукативен центар го имаа основачите Елена Дуле Димитровска и Маја Јовановска, и двете дипломирани одделенски наставнички. „Живееме во многу динамично време, различно од она кога ние бевме деца. Денес родителите имаат подолго работно време и повеќе обврски а со тоа и помалку можност да работат со нивните деца за домашните задачи. Бабите и дедовците не секогаш можат да се вклучат во чувањето а уште помалку во образованието на децата. Во исто време, наставните програми се динамични, недостигаат материјали а работните навики и дисциплината кај децата се променети. Ние и како учителки и како родители го согледавме тоа и решивме да отвориме едукативен центар и да им помогнеме и на учениците и на родителите“ велат Маја и Елена.
Во „Smart Kids“ се запишуваат ученици од 1во до 7мо одделение. Тие поминуваат по неколку часа пред или после часови и таму со поддршка на двете наставнички ги пишуваат своите домашни задачи, го учат наставниот материјал или вежбаат. Поддршката е индивидуална или во мала група од 10тина деца на иста возраст. Наставата се држи на пристапна локација, блиску до Градскиот часовник во центарот на градот.
Потребните на ученикот во фокусот
„Кај нас доаѓаат деца на различна возраст и со различни потреби. Некои други имаат потреба за индивидуална поддршка за да научат пишување и читање. На некои од децата им е потребна поддршка по некој предмет, на пример македонски или математика. Имаме талентирани ученици кои имаат потреба од поголем предизвик во учењето, потешки задачи. На повеќето им годи учењето во помали групи бидејќи овозможува во исто време интересно и насочено учење кое не може да се постигне во голем клас или индивидуално дома. Најважно, ние ги учиме децата како да учат. Тоа е вештина која ќе им е потребна во текот на целиот живот“ вели Елена Дуле.
„Покрај основната програма, организираме креативни работилници на различни теми. За време на зимскиот и летниот распуст организираме прошетки и ексурзии со цел децата да се стекнат со практично знаење а да им биде интерсно. Важно да ги тргнеме малку од екраните и да го поттикнеме нивното дружење“, додава Маја.
Партнери на родителите
Од едукативната програма се задоволни не само учениците туку и родителите. Многу често родителите немаат време а ни вештини да работат со децата и тоа е разбирливо. Најчесто и самото чување на детето после училиште е проблем кој се решава со престој во едукативниот центар. Со напишани домашни задачи, родителите се задоволни што можат да поминат квалитетно време со нвините деца после работа или за викенд.
Инвестиција за иднината на вaшето дете
Елена и Маја им препорачуваат на родителите: „Најдоброто нешто кое можете да го направите за вашето дете е инвестиција во неговото образование. Ако размислите подобро, со која играчка која вашето дете ја добило на подарок играло повеќе од еден ден а потоа само фаќа прав на полица? Инвестирајте во знаење! Уште кога ќе се роди вашето дете размислувате што ќе биде кога ќе порасне и што ќе студира. Меѓутоа, инвестицијата во образование започнува од најмала возраст. Колку порано детето ја засака книгата и науката, толку полесно ќе биде неговото образование во иднина.
Од утре до 16 септември градоначалникот Тони Коњановски, ќе учествува на меѓународната програма за лидерство на посетители "Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа" која ќе се одржува на повеќе локации во САД. Како што објави Коњановски на ФБ тој е поканет од Амбасадата на САД