2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска од општина Босилово, изјави дека в среда ќе се одржи првиот конститутивен состанок на работната група задолжена за нови мерки за пензинерите. 

На состанокот, покрај новите мерки за подобрување на условите за живот на пензионерите, главна тема ќе биде минималната пензија. 

„Во работната група се вклучени претставници од сите релевантни инситуции, во среда на првиот состанок ќе разговараме за се она што е потребно за да се подобри животниот стандард на пензионерите и какви мерки се потребни. Ќе заборуваме и за усогласувањето, а секако главна тема ќе ни биде Законот за минимална пензија и по примерот со минималната плата, со закон да имаме утврдено и минимална пензија“ изјави Тренчевска. 
Извор 24info.mk

Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски го објави добитникот на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември.

Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том Форд), „Треба да разговараме за Кевин“ (Лин Ремзи), „Светски трговски центар“ (Оливер Стоун), „Часови“ (Стивен Долдри), „Висока верност“ (Стивен Фрирс), „Бакнежот на пеперутката“ (Мајкл Винтерботом), како и зад епизодата „Скок на глава“ од серијата „Црно огледало“, за која освои ЕМИ награда и БАФТА номинација за најдобра фотографија (кинематографија), оваа година во Битола ќе стане дел од големото филмско семејство на Фестивалот како добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.
 
Мекгарви два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија (кинематографија) – за „Покајание“ (2007) и за „Ана Каренина“ (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина“ и за „Ноќни животни“ (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со Лимиер медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво.
 
Објавена е и програмата на овогодишното 44. фестивалско издание. Селекторот на програмата Камера 300 за долгометражни играни филмови, Слаѓан Пенев, ја најави исклучително богатата и атрактивна селекција. Освен претходно објавените македонски филмови на отворање и затворање на фестивалот, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“, од филмовите што ги најави Пенев ќе ги издвоиме пролетерската трагикомедија на Аки Каурисмаки, ПАДНАТИТЕ ЛИСЈА/FALLEN LEAVES, во тандем со неговиот редовен кинематограферски соработник Тимо Салминен, кој ќе биде гостин на фестивалот, мистичното трагање по недофатливото во фотографијата и музиката на Вим Вендерс, СОВРШЕНИ ДЕНОВИ/PERFECT DAYS, во соработка со директорот на фотографијата Франц Лустиг, кој исто така ќе биде присутен во Битола, медитативната чеховско-ромеровска драма нa Нури Билге Чејлан, ЗА СУВИТЕ ТРЕВИ/ABOUT DRY GRASSES, во прва соработка со два кинематографери, Џеваир Сахин и Курсат Уресин, кои во тандем ќе се појават и на проекцијата во Битола, Хичкоковскиот трилер АНАТОМИЈА НА ЕДНО ПАЃАЊЕ/ANATOMY OF A FALL, кој ја доби Златната палма на последниот Кански фестивал, дело на режисерката Жустин Трие и кинематограферот Симон Буфил, како и богатата симфонија на ѕвезди и стил на Вес Андерсон, АСТЕРОИД СИТИ/ASTEROID CITY, со најчестиот негов соработник, искусниот кинематографер Роберт Д. Јеоман.
 
Селекторите на програмите за кратка, документарна и студентска програма, Марија Апчевска, Кумјана Николова и Ѓорѓи Пулевски, ги објавија селекциите во своите програми, каде што исто така има атрактивни наслови, како документарниот филм ЧОВЕК ВО ЦРНО/MAN IN BLACK на Ванг Бинг, чија кинематограферка, Каролин Шампетие, позната по соработките со Лео Каракс (HOLY MOTORS), исто така ќе биде гостин на Фестивалот.

Од Пелагонија дартира најстарото потекло на леќата и грашокот во Европа  Со археоботаничките анализи на растенијата пронајдени при ископувањето на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија се детектираа остатоци од повеќе мешункасти плодови и житарици. Нивното датирање со помош на радиокарбон анализите потврди дека тие биле користени во втората половина на 7-от милениум п.н.е. што ги прави овие остатоци од Влахо најстари досега датирани леќа и грашок во Европа.

Остатоците од леќа, грашок и житарици откриени се при археолошкото истражување на локалитетот Влахо кај Живојно во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј Битола. Со примена на археоботаничките и радиокарбон анализи во Универзитетите во Базел, Белград, Севиља и Цирих се детектираа видовите и се утврди нивната старост од околу 8 300 години. Во текот на овие истражувања се посочува и на тоа дека житариците и афионот откриени на Влахо се исто така едни од најстарите во Европа, што дополнително ќе се проверува со натамошните анализи. Археоботаничките проучувања на Влахо се изведени во релација со неолитските локалитети Врбјанска Чука и Велушка Тумба во Пелагонија, така што резултатите посочуваат на различни стопански практики меѓу овие населби. Исхраната се адаптирала на климатските разлики во регионот, така што во голема мера се конзумирал грашок, пченица, јачмен и леќа, а постојат индикации и за можна подготовка на пиво. Посевот најчесто се жнеел во пролет, додека еднозрната пченица била повеќе користена во северните делови на Пелагонија.

Резултатите од овие археоботанички истражувања се публикувани во Vegetational History and Archaeobotany, кое е едно првите десет археолошки списанија со највисок импакт фактор во светот. Тоа воедно ги потврдува научните аргументи поврзани со неолитската исхрана во Пелагонија и раното датирање на мешункастите растенија и житариците. Освен истакнатиот научен карактер на публикуваните податоци, овој труд исто така го презентира и предисториското културно наследство во Македонија во светски рамки и ја акцентира неговата битна улога во појавата на земјоделството во Европа. Археоботаничките анализи се направени од Амалиа Сабанов, Феран Антолин и Раул Сотерас, радиокарбон анализите од Ирка Хајдас, а изведени се во рамки на мултидисциплинарното истражување на неолитските тумби во Пелагонија под раководство на Гоце Наумов.

Мултидисциплинарните истражувања на Влахо, Врбјанска Чука и Велушка Тумба се одвиваат повеќе години и даваат сосема ново светло за значењето на пелагонскиот неолит во поширок европски контекст. Освен археолошките ископувања, на овие локалитети применети се и геофизичкото скенирање, геоархеолошки, археозоолошки, археоботанички, антрополошки и радиокарбон анализи, како и проучувањето на липидите, изотопите и функциите на алатките. Локалитетите се документирани со фотограметриски модели и ласерско скенирање, а исто така направени се и дигитални 3Д реконструкции на градбите и неолитските села, што овозможува нивно доследно презентирање и пред пошироката јавност. Ваквиот пристап обезбедува доследно толкување на времето и карактерот на овие неолитски тумби и нивно истражување преку најсовремените археолошки методи. Досегашните резултати се публикувани во повеќе врвни меѓународни списанија и презентирани на разни предавања и конференции во Европа и САД, што воедно ја прават Пелагонија поприсутна на светската археолошка мапа.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани