
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на проектот „Идентификација и следење на талентирани и надарени студенти“, Битолскиот универзитет ги избра четворицата таленти: Тамара Тасеска од Економскиот факултет во Прилеп, Софи Гајтановска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Кристијан Велјановски од Факултетот за биотехнички науки и Дејан Петровски од Педагошкиот факултет.
Уште студира, а веќе направи сериозни чекори во научните истражувања. Битолчанецот Кристијан Велјановски, студент од четврта година, е прогласен за талент на Факултетот за биотехнички науки при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Како млад научник беше вклучен во истражувањето на рибната популација во Белчишко Блато и охридскиот грунец, за што доби прва награда за најдобар студентски труд на Меѓународна студентска конференција во организација на Агрономскиот факултет во Чачак при Универзитетот во Крагуевац, Србија. Летната школа во Љубљана, Словенија, на која во септември годинава беше еден од двајцата претставници од Македонија, е само дел од неговото богато студентско портфолиоаа, објавува Факултети.мк
Успешно реализиран проектот за бесплатно мерење на притисок во очите и шеќер во крвта, како и давање соодветни консултации на пензионерите од Здружението на пензионери Битола, согласно склучениот меморандум за соработка на Сојузот на здруженијата на пензионери на РСМ и Специјализираната болница ,,Промедика офталмологија“- Скопје.
Заинтересираноста беше голема од страна на пензионерите за време на бесплатните лекарски прегледи и консултации спроведени на 7 декември во Битола. Оваа бесплатна услуга ја искористија околу 150 пензионери.
Пензионерите беа известени дека со овај меморандум кој важи до 31.01.2024 година има и други поволности за нив како на пример, супспецијалистичките прегледи , испитување на очното дно, операција на катаракта и други прегледи на очите во Болницата. Цената за услугите неманети за пензионерите ке биде намалена за 50% од редовната.
Санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола
Музичка магија се случи вечерва на големиот концерт на 4 хора под раководство на Марина Коруновска и нејзината школа Korunovska music&singing по повод Светскиот ден на хорското пеење. На сцената во Големата сала на Центарот за култура во Битола, над 100 хористи, од 3 до 70 години, ја преноса нивната волшебна енергија преку музиката до публиката која заедно со детскиот хор “Ѕвончиња”, Тин Поп Рокет, Етно хор “АВА”, Пор Рок хор “БИТВОКС” , пееја познати детски песни, поп рок хитови, стара и подзаборавена македонска народна музика.
Марина Коруновска, заедно со нејзините соработници, Александар Ристовска и Михаил Мими Марковски, на битолчани им подготвија вистинско музичко уживање
-Овој ден ја слави не само музиката, ја слави солидарноста, мирот и разбирањето, тоа се вредностите на кои треба да се учат нашите деца. Пред да се впуштиме во магичното задоволство кое го дава хорската музика и изведба сакам да споделам нешто со вас. Во 1990 во август, Хелсинки Финска, на денот кога било предложено да се слави овој празник било кажано следното: Светот минува низ криза на себеунишување, нема никакво оправдување за тоа. Мнозинството луѓе од сите раси сакаат да живеат во мир. Ние музичарите, хористите време е да им покажеме дека музиката може да ги руши вештачките ѕидови изградени од политиката, различните идеологии, религиозни разлики и расна омраза кои го делат светот и го распарчуваат. Мора да покажеме дека музиката, божествената уметност е мисионерот на солидарноста, мирот и разбирањето. Не можеме да работиме сами, изолирани и затоа да направиме напори нашите гласови да се слушнат и да ја оставиме музиката да зборува место нас, рече Коруновска на почетокот на концертот.
Интегрален текст од реакцијата на СДСМ Битола