2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денес заврши јавниот повик на Општина Битола за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.

Поради големиот интерес, градоначалникот Коњановски, побара од Советот да донесе одлука за проширување на предвидените средства за оваа намена, со цел да се создаде можност за субвенционирање на сите граѓани кои доставиле комплетна документација и ги исполнуваат условите од јавниот повик

Инспекцискиот надозр од ДЗСИ констaтирал недостатоци во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К. чие машко бебе почина по породувањето во Клиничката болница во Битола. Од Инспекторатот соопштија дека за константираните недостатоци  ќе бидат изречени прекршочни мерки за д-р М. В  за правното лице и за одговорното лице во правното лице врз основа на чл.48-а ст.1 т.1 и 2 и ст.2 и 3, а во врска со чл.6 од Законот за евиденции во областа на здравството. Исто така, за д-р М. В ќе биде изречена и прекршочна мерка по чл.313  ст.1 т.2 од Законот за здравствена заштита.

Во врска со стручниот дел од лекувањето и третманот на родилката В. К и нејзиното починато новороденче  ДСЗИ сега посочуива дека ќе иницира стручен надзор, согласно чл.296 од Законот за здравствена заштита.

Државниот санитарен и здравствен инспектортат вчера изврши вонреден инспекциски  надзор во Битолската болница  во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К  после кое дошло до смрт кај нејзиното новороднче. Од увидот во медицинската евиденција и документација која се води во пишана и во електронска форма, како и од изјавите дадени од докторите гинеколози – акушери кои учествуваа во лекувањето и третманот на родилката констатираное дека родилката В. К прв пат се јавила на преглед во установата  на ден  08.04.2023г .Прегледот е извршен од дежурниот лекар на одделението за гинекологија  и акушерство д-р М.В.

На ден 09.04. 2023 год. пациентката е примена на одделението за гинекологија и акушерство со  искреиран упат  од истиот дежурен  лекар кој претходно го извршил прегледот,. Бил направен запис за прием и отворена  историја на болеста. По изјава на  дежурниот лекар , пациентката била примена на одделението поради болки. Бил направени ЦТГ записии земена крв за биохемиска анализа со потпис од дежурниот лекар д-р М.В. По приемот на пациентката на одделението за гинекологија и акушерство на 09.04.2023г во утринските часови, по изјава на д-р М.В дадена и е терапија, по што е пуштена дома поради тоа што „раѓањето не било започнато“, пациентката била отпуштена дома со препорака  доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението. Во медицинската евиденција не се внесени дадените препораки и нема отпусно писмо. Исто така нема евидентирано анамнеза и статус на пациенката од страна на дежурниот лекар кој го извршил приемот.    

 По изјава на лекарите специјалисти по гинекологија и акушерство кои биле  дежурни во наредната смена ,на ден  09.04.2023г, пациентката В.К околу 14.00 часот се јавила на одделението и по извршениот клинички преглед во амбулантата направен е ЦТГ запис во 14.15 часот По препораката за прием заради отопчнато породување, со оглед на утврдената состојба при извршениот преглед, констатирано е дека  за неа веќе е отворена историја на болест . Пациентката е примена во предродилна сала, направен е ЦТГ запис во 15.00 часот и извршено е породување по природен пат со употреба на вакум екстрактор при излез. Дежурните лекари во наредната смена изјавуваат дека при примопредавањето на дежурството не им било пренесено дека за пациентката В.К претходно е отворена историја на болест  и извршен прием на одделението, ниту пак во рапортната тетратка на докторите или медицинските сестри е евидентиран приемот на истата во ноќните часови.

За време на породувањето присутен е и специјалист педијатар – неонатолог Од увидот во неонатолошкиот картон за лекување и третман на новороденото на В.К констатирано е дека уредно се пополнети сите рубрики. Родено е живо машко дете со АПГАР 2. По неуспешна 10 минутна реанимација од страна на неонатологот, повикан е анестезиолог и контактирана е  ЈЗУ УК за детски болести и побаран е транспорт со инкубатор. И покрај упорната реанимација во траење од 2,35 часа во 18.25 ч. констатирана е смрт на новороденото од страна на присутните лекари специјалист педијатар – неонатологот и специјалист анестезиолог. Телото е предадено на обдукција со пополнети потврда за смрт и лекарски извештај за причина за смрт, а во пријавата за породување истото е  нотирано .

Докторите специјалисти кој учествувале во лекувањето и третманот на пациентката и новороденото имаат лиценци за работа кои се во рок на важност.

Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Француската Алијанса од Битола и ООУ “Даме Груев“ – Битола заеднички го одбележаа празнувањето на католичкиот и православниот Велигден. Следната недела ќе се одбележи и празникот Бајрам.

Денеска учениците од различни религии имаа можност да научат како се прославува Велигден, научија за католичкиот Велигден на македонски и на француски јазик преку квиз и награди, заедно боеја јајца и на крај имаа мала авантура низ Библиотека да бараат каде се скриени малите чоколадни јајца. Декорираните јајца се изложени во холот на библиотеката.
Следната недела следува нова работилница за празникот Бајрам.
 
„Мултикултурализмот и адресирањето на меѓуетничките односи во нашето општество претставуваат основа за меѓусебното разбирање и градењето на кохезивно општество. Со денешната работилница сакаме да упатиме јасни пораки за соживот и заемна почит меѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба на сите ученици од различни религии. Заедничките чествувања на празниците имаат за цел да се надминат разликите, да се почитуваат традициите, културата, обичаите, да се дружиме, да има повеќе комуникација, а преку тоа да има и поголема безбедност и доверба помеѓу граѓаните“, истанаа од НУУБ„Св. Климент Охридскии“ од Битола. 
 

Професорките Анита Стефановка, Живка Танушева Ицаноска и Ема Ќука од средното општинско училиште „Таки Даскало“ од Битола,  по вторпат зедоа учество на  Европскиот ден на волната, што се одржа на Златибор, Србија  на 9 април.  Тие се претставија со  своја видео презентација под наслов „Волнени модни додатоци“  на која беше  прикажано што учениците од текстилната насока во „Таки Даскало“ работат на слободните часови користејќи ја волната како суровина: накит од волна, брошеви, ланчиња, торби, венчиња.   

 На третиот Европски ден на волната   главен фокус  беше ставен на женското претприемништво и како на волната да и се врати старата слава.  

Настанот е под покровтелство на EWE (European Wool Exchange), која е  филантропска фондација, основана на Кипар, чија цел е подобра координација на голем број здруженија  и групи  во Европа кои се заинтересирани за кружната економија на волната и за нејзино враќање во нашето општество како скапоцен ресурс за многумина, наместо да биде третирана како занемарен органски отпад.

 Дел од атмосферата и изработките можат да се проследат преку слики, а целиот настан е достапен на Youtube каналот, 3rd European wool day.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани