
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска на задоволство на љубителите на скијањето започна сезоната во ски центарот Стрежево над Нижеполе. Од таму информираат дека вечерва продолжуваат со ноќно скијање од 19.00 до 22.00 часот по цена од 400 денари за возрасни и 300 денари деца.
Пелистер денес, почеток на ски сезоната
Пензионерите кои рекреативно играат фудбал, членови на Здружението на пензнионери- Битола, учестуваа на Меморијалниот турнир во фудбал „Валентин Стефановски 2023“ што деновиве се одржа во Демир Хисар. Таму се одигра ревијален натпревар помегу пензионерите од Здруженијата во Битола и Демир Хисар, на кој победија битолчаните. Со овој успех потврдија дека годините не се пречка за спорување дружење и победи. Турнирот се одржува традиционално секоја година.
Во пресрет на престојните Новогодишни и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола ги потсетува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
