
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 12 септември 1942
На денешен ден, 12 септември 1942
ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО СОВЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Цел на Советот за поддршка на женското претприемништво на општина Битола е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачки во општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања од интерес на женското претприемништво и родовата рамноправност, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачки и економско зајакнување на жените.
Советот за поддршка на женското претприемништво на општина Битола ќе има за цел:
На Јавниот повик може да учествуваат сите заинтересирани физички лица, претставници од бизнис сектор, претставници од образовен сектор, претставници од невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти кои работат во областа на на женските права, родова еднаквост и економско зајакнување на жените.
Повеќе информации за повикот може да прочитате на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/09/20230911121855007.pdf
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за непрописно престигнување....
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
