
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Деновиве, на повеќе локации во градот беше затекнато несоодветно одлагање на градежен шут, што негативно се одразува врз животната средина, а претставува и дополнителна причина за создавање диви депонии.
Дури 18 проценти од младите во Македонија работат онлајн за странски компании, а ваквиот начин на работа е можност да се намали нивното иселување од државата, беше кажано на панел дискусијата за подобрувањето на онлајн вработувањето и издржливоста на младите луѓе во пост-ковид дигиталната ера, што се одржа во Битола.
„Онлајн вработувањата, односно дигиталната ера после ковидот зедоа голем замав и во тоа ќе биде иднината. Младите се адаптираат на тој начин на работа и команиите мора да бидат флексибилни за далечинско работење. Од последната наша статистика, 60 проценти од младите се насочуваат кон дигиталната работа. Имаат слобода и услови за работа и добро е платено. Се намалува процентот на младинска невработеност“, рече Александра Митревска од „Нејтив тимс“, компанија која се занимава со олеснување на алатките за наплата и вработување на фриленсери во Македонија и 60 земји низ светот.
Милчо Дули, претседател на здружението „Сфера интернешнал“ од Битола, рече дека за време на ковид-периодот процентот на млади кои работеле онлајн пораснал за 15 проценти. Тој процент продолжува да расте, а во ИТ-индустријата платите се повисоки од просечната за 50 проценти.
„Од компјутер работат за странски компании, со што остануваат во нашата држава, а ги имаат вештините да знаат да препознаат добра работа и профитот ќе го користат тука. На веб–страницата која ја направивме можат да научат многу нови комуникациски и лидерски вештини, но и да се обучат за правни работи, за да бидат заштитени кога работат онлајн“, рече Дули.
Настанот се одржа во Europe Hause во Битола.
Ж.Здравковска
Ова е едногласно констатирано на денешниот состанок на генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола.
На средбата беше истакнато дека преземени се сите неопходни чекори, во сите подружници на АД ЕСМ, за да се обезбеди и годинава стабилно производство на домашна електрична енергија.
Најголемиот производствен капацитет на Државните електрани, РЕК Битола, денес работи со сите три блока на мрежа. Залихите на ископан јаглен во РЕК Битола во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните.
Согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, АД ЕСМ изготви производствениот план кој и оваа грејна сезона треба да гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните.
Едукативниот центар МАХI е место каде децата имаат можност на современ начин да стекнуваат знаење, креативно да го минуваат времето, да се дружат, учат и да ги совладуваат наставните содржини. Едукативниот центар MAXI се наоѓа на улицата Партизанска во Битола (веднаш до Расчекор), сe протега на површина од 150 м2 во исклучително пријатен амбиент и функционира во неколку сегменти.
За децата од 3 до 5 години има дневен престој со претшколска едукација за ран детски развој, каде децата имаат можност да ги развиваат своите потенцијали во креативна средина, да стекнуваат знаење со сите потребни нагледни средства, но и низ забава и игра.
-Групата се состои не повеќе од 15 деца со цел да се задржи квалитетот и на секое дете да му се посвети подеднакво време и внимание. На најбрз и наједноставен начин им помагаме на децата да развиваат моторика, меморија, графомоторика, концентрација, самодоверба, креативност. Учиме низ игра! Стекнуваме секојдневни навики, учиме нови работи, се дружиме и тука го минуваме денот заедно како едно големо семејство, велат од едукативниот центар MAXI.
Во Едукативниот центар MAXI има можност и за школска едукација по наставните програми за ученици од прво до петто одделение, за сите оние на кои им е потребна помош при совладувањето на наставниот материјал или пишување на домашните задачи.
Побрзајте, затоа што уписите во MAXI траат се додека има слободно место, а Едукативниот центар работи од 8 до 18 часот.
Покрај едукација, МАXI нуди и игротека за роденденски забави за деца на возраст до 5 години. Тоа е единствено место во градот каде може да се изнајми комплетно опремена игротека за родендените на децата и секој да си донесе храна и пијалак од дома.
Едукативен центар MAXI
Работно време секој работен ден од 08:00 до 18:00 ч.
Ул. Партизанска бр. 17 (до Расчекор)
Тел. 070 519 525
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
1.Предшколска едукација ран детски развој (дневен престој за деца од 3 до 5 години
2. Школска едукација(наставна програма за деца од 1 до 5 одд)
3. Игротека за роденденски забави (за возраст до 5 год.)
Линкови до социјалните мрежи















