
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Europe House Битола ќе го започне месец септември со автентична изложба на графички симболи. Во рамките на оваа изложба во просторот на Офицерски дом ќе бидат прикажани 460 дела во мал формат.
Станува збор за проектот yugo.logo на младиот белградски графички дизајнер Огнен Ранковиќ, кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски.
Изложбата ќе биде отворена во понеделник 04.09.2023 со почеток од 19:30 часот во просториите на Europe House Битола (Офицерски Дом), а ќе ја отвори професор Костадин Танчев – Динка, кој во својот богат и разновиден творечки опус создава и многу графички симболи кои и ден денес се препознатливи и функционираат во нашата земја. Грбот на Битола е еден од нив, најавуваат од Europe House Битола.
Проектот yugo.logo има за цел да ги истражи, дигитализира и архивира овие знаци со цел да му послужат како инспирација на новите генерации, истовремено и да им се даде почит на пионерите на дизајнот на овие простори.
Приказна за знакот:
„Графичкиот знак нема оригинал, материјал и големина. Секој еден е оригинал и се изработуваат од секакви материјали и во секакви големини. Знакот е потпис, па затоа авторот не го потпишува. Конструкцијата на знакот е негова графичност со која се овозможува тираж (умножување, зголемување, смалување). Знакот е збиена приказна, понекогаш и неколку различни приказни, кои се сведуваат на еден краток збор. Зборот се претвора во слика која ја читаме со еден поглед: побрзо ја гледаме и запомнуваме отколку што ја разбираме. Знакот е поубавиот дел од приказната. Секој знак е една нова љубов, а за љубовта се сонува и се размислува на јаве, сè се меша и затоа не се знае како настанува знакот. Знакот е лесна мака.”
Милош Ќириќ – извадок од книгата „Графичка идентификација“, Белград, 1981 година.
Интегрален текст од соопштението на СДСМ Битола
Известување до јавноста
СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2023, во чии рамки годинава ќе се одржи и Балканското и државното првенство во полумаратон, на ден 3.9.2023 година (недела) во Битола, во временскиот период од 7 до 12 часот ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај на следните релации:
-Старт на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка – улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ која води кон Вила Молика ќе биде слободна) – Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“ Од Широк Сокак од ул. „Солунска“ до стартот на трката кој воедно е и цел.
Цел на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула. Апелираме до граѓаните паркинг местата кај Плоштад Магнолија односно Саат Кула и на ул. Солунска кај Широк Сокак да бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји. Предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот. Во случај на итност (медицинска помош, полиција, противпожарна служба) повикајте ги надлежните служби. Здружението „Трчај бе“ кое е организатор на настанот однапред се заблагодарува на сите Битолчани за нивното разбирање за овој голем спортски настан и ве повикува на бодрење на тркачите.
