
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најголемата банка во земјава, Комерцијална Банка, извести дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, а информацијата ја потврдија и од битолската Стопанска банка. Д вете информации се објавени преку Македонската берза.
Владата на Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки со коишто се штити животниот стандард на граѓаните. Направени се, на предлог на Министерството за економија, намалувања на маржите кај овошјето и зеленчукот, со што цените се очекува дополнително да се намалат до 30 проценти. Укинати се увозни давачки за млекото и павлаката, што се очекува да се одрази со намалување на цените и на овие производи. А, гарантирана цена е утврдена во продажбата на вода, негазирани и газирани безалкохолни пијалоци и пива.
