
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во четврток, на 30.11.2023 година, во 12 часот познатиот битолски фотограф Петар Ставрев во Фоајето на Центарот за култура во Битола ќе отвори изложба „Убавините на Пелистер“ по повод 75 годишнината од прогласувањето на Пелистер за национален парк. .
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола подготвува адаптирана театарска претстава по драмата „Бегалка“ од Васил Иљовски во која актери –аматери ќе бидат лица со попрачености со поддршка на ученици од битолски училишта. Премиерата ќе биде на 4 декември во 18 часот во Битолскиот театар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
