2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

СНЕЖЕН ПОКРИВ во 19 часот (во см)

22 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 15 Ѓуриште, 12 Охрид, 14 Битола, 8 Прилеп, 5 Тетово, 3 Берово.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне претежно во источните делови ќе провејува слаб снег, а во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре наутро ќе биде студено, а уште од ноќта ќе дува повремено силен северен ветер (над 70 km/h) најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Претежно на североисток ќе има услови да провејува слаб снег. Во понеделник утрото ќе биде претежно ведро и многу студено, а ќе се задржи студено и преку денот до средината на следната седмица. Нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд се очекуваат во вторник и ќе завршуваат во среда.
 
 

Низ приказните од Старата битолска чаршија исполнети со историјата, традицијата и безвремениот мелос, Битола започнува да ја ткае својата Зимска приказна.

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска во битолската Магаза оствари средба со корисниците на средства преку годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата, на која вети дека Министерството за култура ќе продолжи да вложува во младите и да ги поддржува нивните иновативни идеи за афирмација на нашата култура.

Апелираме до граѓаните, односно возачите на патнички и товарни моторни возила за доследно  почитување на задолжителната обврска за поседување на зимска опрема во возилата, како и на потребата од прилагодување на возењето кон зимските услови на патиштата.

Поради обилните врнежи на снег на патиштата, особено на планинските превои, апелираме до возачите доколку не е неопходно да не тргнуваат на пат и да бидат исклучително внимателни поради отежнато движење на товарните возила и обилните врнежи на снег

АМСМ соопшти дека  од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.

Службата за издавање лични документи во Битола работи и преку викенд, па граѓаните кои не извадиле или не ги замениле старите со нови лични карти, патни исправи или возачки дозволи тоа можат да го сторат без закажан термин, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека е дадена наредба во општините надвор од Скопје без разлика дали ќе се добие термин или не, граѓаните да можат да се пријават на шалтерите, да поднесат документи и да се фотографираат за да може постапката да тече побрзо.

Инаку во општина Битола околу 70 проценти од жителите ги замениле своите лични документи со нови.

 

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва се обрати на 15-то по ред издание на Фестивалот на музика од светот, кој годинава се одржува под мотото „Една сцена, звук на светот“. Таа од организаторите на фестивалот беше најавена не само како личност која е најсилно врзана со културниот развој во нашата земја, туку и како визионер кој верува во моќта на уметноста и на културата дека можат да ги трансформираат општествата. 

Костадиновска-Стојчевска во својот говор кажа дека е горда што Битола преку овој фестивал и придружната програма покажува подготвеност на високо ниво да се вклучи во европските процеси на поддршка на младите локални автори, и да ги поврзе националната со независната сцена.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани