2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Комисијата за подигање спомен обележја при Советот на Општина Битола со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци од Битола за поставување биста за првоборецот Пецо Гуросвки. Тие ги прифатија иницијативите за подигање биста на народниот херој Васко Карангелевски од Сојузот на борци-Битола, спомен обележје за Јонче Мурџевски од истоимената месна заедница и спомен обележје за ликот и делото на пејачот Јонче Христовски поднесена од семејството.

Со тоа овие три иницијативи станаа составен дел од од Програмата за спомен обележја од 2023 до 2028 година кој треба да се изгласа на Советот, но не и онаа за Пецо Гудовски.

Инаку Гудовски (1920-2008) беше припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба. Тој е дедо на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска од СДСМ.

Во Комисијата за подигање спомен обележја „за“ гласаа Кети неделковска, советничка од СДСМ и Кире Климевски од ВМРО-Народна, а воздржание беа Сашо Никовски од ВМРО-ДПМНЕ и Марта Ѓоргиевска од СПМ.

Гудовски е родум од Лавци, работел во селското училиште како служител и така започнале неговите први активности и контакти со селскиот учител Тошо Даскалот. Заедно со него имал заслуги за основањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Под сомнение дека одржува врски со Тошо Даскалот бил во затвор и измачуван повеќе од 40 дена. Бил челен на одредите „Даме Груев“ и „Гоце Делчев “, баталјонот „Стив Наумов“Првата македонско-косовска ударна бригада и учествувал во борбите во Егејска Македонија, Кочани и Куманово..Исто бил заменик командант и на Седмата македонска ударна бригада. Носитело е на многубројни одликувања од времето на НОБ.

Територијалната противпожарна единица од Битола, денеска интервенираше на неколку пожари низ градот, но и на отворено.

Претпладне во 11,30 часот по примена дојава од ресторанот Кус-Кус за запален електричен апарат, ТППЕ интервенишраше со 2 возила и 7 пожарникари.

Во 14 часот 1 возило со 3 пожарникари интервенираа на опожарена трева во село Добромири,

369690706 229648410067060 263877820926449600 n

 Пожарникарите примиле  дојава за опожарена трева  и стрниште с. Лoговарди во 16,50 часот.  ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 3 пожарникари

логоварди

Во 17 часот по примена дојава за куќа 17:00 с. Беранци, ТППЕ Битола интервенираше со 3 возила и 10 пожарникари, при тоа пожарот се прошири на сува трева при што опожарени беа 5 хектари површина на трева од ридот над с. Беранци и дополнително е побарана помош од терен и се упатени 2 возила и 6 пожарникари
 

б3

б4

а во 19 часот по примена дојава за запалена трева на улицата Нико Фундали, ТППЕ Битола интевенираше со 1 возило и 3 пожарникари.

нико фундали

Но, покрај интевенции на пожарите на овие високи летни температури, пожарникарите деновиве имаа техничка интервенција за извлекување на заглавени сограѓани во стан на улицата Стив Наумов, во која ТППЕ учествуваше со 1 возило и 4 пожарникари.

На неполн месец пред почетокот на Европската недела на мобилност, општина Битола е горда што може да најави голем и значаен проект за граѓаните.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани