2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На денешен ден 17 март се родени Вангел Нечевски Тунелот и  Лазо Хаџи Поповски, учесници во НОБ  

Синдикатот на РЕК „Битола“ донираше компјутер лаптоп на Здружението на лица со посебни потреби „Емануил плус“. Оваа скромна донација ќе ја олесни работата на здружението во кое членуваат родителите на деца со церебрална парализа и ќе ја подобри комуникацијата со други слични здруженија кои заеднички се обидуваат да издејствуваат подобра институционална грижа.

„Поддршката на здруженија, клубови, организации и поединци е една од нашите статутарни определби и како Синдикат секогаш сме подготвени да помогнеме во границите на нашите можности. Средствата за оваа и сите други наши донации се обезбедуваат од продажба на секундарни материјали, добиени во текот на производствениот процес“, соопштија од Синдикатот на РЕК „Битола“. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани