2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Со освојување на прво место на битолчанката Јана Стефановска на трката на пет км на Кавадаречкиот полумаратон, Атлетскиот клуб „Олимп“ викендов започна во походот по одлични резултати. Ова е само вовед во новата сезона за која членовите на овој клуб интензивно се подготвуваат по водство на тренерите Демир Даутовски и Вера Велјановска.

На овој настан во Кавадарци учествуваа неколку членови на клубот, еве ја листата на учесници и резултати: Јана Стефановска 23:08, прво место • 5км Бојан Ѓеровски 23:33, седмо место • 5км Антониа Крстевска 25:43, петто место • 5км

И најмалите членови Искра Адамовиќ и Николај Жежовски кои се натпреваруваа на трката ид 500 метри и покажаа одлични резултати.

335892717 757333512384456 1014529292679689952 n

335946603 732814785147155 8157845899537764441 n

Никола Кочовски е роден на 1 декември 1933 година, починува 11 март 2023 во Битола.Писателот Кочовски завршува Филозофски факултет во Скопје. Долги години работи како професор. Член е на ДПМ од 1973 година. Во своето плодно творештво попознати дела се: Малата Билја (два тома, роман, 1969, 1970), Зарезготини (раскази, 1970), Вознемирена совест (раскази, 1974), Бреме (роман, 1981), Дичовица млада невеста (драма, 1984), Родната грутка (раскази, 1995), Без свое јато (роман, 1999), Исконскиот дар (роман, 1999), Омразениот цвет (роман, 2000).

Добитник е на наградата: „4 Ноември“ на градот Битола.Долги години е дел и од Роднокрајните средби што ги организира библиотеката, каде со својот пишан збор придонесува за збогатување на македонската книжевност. 
 

Се известуваат пензионерите од Oпштина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во среда 15.03.2023 год. со почеток во 9 часот ќе се врши запишување на огревно дрво.

Цената на огревното дрво ке изнесува 4.800,00 ден. по просторен метар и за даб и за бука. Плаќањето ќе биде на 5 рати.

Запишувањето ке се врши од страна на председателите на ограноците во просториите на месните заедници. Во месните заедници каде нема простор за запишување на огревно дрво, запишувањето ке се врши во салата на ЗП Битола и тоа за месните ограноци: ,,Блаже Рогозинаро,, ,,Велко Влаховик,, и ,,Естреа Овадија Мара,, во среда на 15.03.2023 год со почеток во 9 часот, додека за месниот огранок ,,Стив Наумов,, и ,,Стево Патако,, запишувањето ќе се врши на 16. 03. 2023 год. во салата на ЗП. Битола со почеток во 9 часот.

Пензионерите од Месниот огранок ,,Даме Груев,, ќе запишуваат огревно дрво во просториите на М З ,,Борис Бастерот,, на 16.03 2023 год со почеток во 9 часот. Пензионерите од огранокот ,,Елпида Караманди,, огревно дрво ке запишуваат во просторите на М.З ,,К. Канински,, на 15. 03. 2023 год со почеток во 9 часот, додека пензионерите од Месниот огранок ,,Таки Даскало,, ќе запишуваат огревно дрво во основното училиште ,,Ѓорги Сугарев,, на 15.03. 2023год. со почеток во 9 часот.

Запишувањето на огревното дрво ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен.

Со почит, Здружение на пензионери Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани