2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денеска се навршуваат 34 години од алпинистичкиот подвиг на битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, првиот Македонец кој  се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Оваа вест на 10 април 1989 година одекна како голем  триумф, но само неколку часа подоцна се дозна за   трагедијата  дека Диме исчезна на Хималаите и никогаш не се врати дома. 

Македонските планинари како најголемо богатство ги  чуваат видо снимките и разговорот што преку радио станица се водеше меѓу Мурато и базниот логор кога тој се искачи  на Покривот на светот.

-Здраво Диме, како си кажи?

-Ептен убо, одговара Диме

-Браво Диме, сите  сме горди на тебе! Не можеме да зборуваме од што сме среќни!

-И ние тука сме среќни, одговара Мурато

На патот  кон базниот логор на Хималаите, на надморска височина од 3800 метри подигнато е спомен обележје во чест на Мурато. 

Планинарскиот  клуб „Пелистер“  од Битола и годинава го организира традиционалниот   планинарскиот  марш посветен на Мурато кој ќе се одржи на  13.05.2023год. на Пелистер. 

Се очекува учество на неколку стотици планинари од земјава и странство, со што Маршот добива меѓународен карактер

Од ПСК Пелистер   апелираат сите учесници да бидат со целосна зимска опрема, затоа што  од 1.800мнв, па нагоре, Баба Планина е прекриена со снег

Денес 9 мај 2023 година во 75-тата година од животот почина познатиот карикатурист, новинар и естраден работник Миле Милевски. Работниот век го помина како новинар во весникот на трговското претпријатие „Јавор “ од Битола, а беше познат по тоа што работеше како тапанар и пејач во групата „Боцкин“. По повод неговиот јубилеј 50 години магазинот за хумор и забава „Без навреда“ го објави следниот текст:

50 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ

- Миле Милевски е роден во социјализмот, жртва на демократијата, без споменик на коњ покрај Драгорот кај на Сали мостот.

- Првата карикатура ја објавил во „Остен“ 1969 година. Ја нацртал во студентската населба „Медицинар“ во Скопје. Карикатурата била посветена на еден заболекар кој во количка полна со клешти и други дрангулии оди по улица и вика: Заби поправам. Уште тогаш пред 50 години Милевски предвидува што ќе се случува во здравството денес.

- Објавувал во Студентски збор, Нова Македонија, Трудбеник, Битолски весник, Јеж, Паулиха - Љубљана, Дело, Без Навреда, Слободен печат...

- Учествувал на повеќе светски фестивали и светски галерии во Скопје, Истанбул, Акшехир, Антверпен, Токио, Пескара и Толетино - Италија.

- Безброј карикатури. Над 1500 афоризми.

- Награди: Секоја објавена и хонорирана карикатура.

- Над 100 хумористично-сатирични раскази.

- Повеќе од 50 хумористично-сатирични песни, препеви.

- Член и оснивач на групата БИК (Битолски карикатуристи).

- Беше десет години инвентар во „трудо“, а сега е вработен во ПИОМ.

- Религија: Се колни во извршителките и се крсти за здравје и слава на нивната неславна професија.

- Автор е и изведувач на песната „Минаа 30 лета“ за која го има напишано текстот посветен на вечната болка - печалбарството.

0

карикатура

Посмртните останки ќе бидат изложени утре 10 мај 2023 година од 10 до 12 часот во црквата „Св. Димитрија“, а погребот ќе се изврши на буковските гробишта.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА БИТОЛА ВО ВРСКА СО ИЗНЕСЕНИТЕ ОБВИНУВАЊА ОД СДСМ

Како транспарентна општина која работи на подобрување на состојбите во сите области во надлежност на локалната самоуправа, општина Битола, јавно и транспарентно ги објавува резултатите од сите јавни повици. Ова се однесува на повиците од Програмата за животна средина (енергетски ефикасни домови, субвенции за велосипеди, клима уреди), Повиците поврзани со Програмата за култура, Програмата за спорт и млади, како и други повици кои се реализираат преку општинските програми. Предлог одлуката за избор ја изготвува стручна комисија, врз основа на јасно дефинирани критериуми и со соодветни образложенија, што е случај и кај јавниот повик од Програмата за култура, за кој денес беа изнесени „етикетирања“ на личности со докажани културни достигнувања и реализирани проекти.

Износот за одобрените проекти, од страна на комисијата е предложен согласно образложението за трошоците во доставената апликација, обезбедените средства од други извори на финансирање, како и периодот потребен за имплементација на проектот.

Општина Битола, нагласува дека културата не познава политички партии и затоа истите мора да останат надвор од неа, на што оваа локална самоуправа континуирано работи и што е многу лесно видливо од целосната листа на одобрени проекти и апликации, каде подеднакво застапени се симпатизери или членови на сите политички партии, зошто сите тие се граѓани на Битола. Партиската припадност во ниту еден повик не е критериум за избор и истото треба да остане понатамошна пракса во работењето.

Обезвреднувачки да се „етикетира“ културен уметник или да се негираат неговите светски признати достигнувања, независно на која политичка партија припаѓа е удар врз сопствениот културен идентитет.

Во општина Битола мора да има култура, спорт, субвенции за подобрување на животната средина, подобра инфраструктура, помош за повеќе категории граѓани на кои им е неопходна. Ваквите проекти немаат партиска боја, туку визија за подобра иднина на Битола, на чија реализација, градоначалникот Тони Коњановски и општинската администрација активно работат, а поддршката од граѓаните е најважната потврда за тоа.

Апелираме, политичките партии, во случајот СДСМ, да не ги злоупотребуваат и омаловажуваат вредностите со кои располага Битола, затоа што само на тој начин, заеднички ќе успееме во целта: Битола да биде поубаво место за живеење.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани