2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

На денешен ден, 3 февруари 1977 годин кај Македонски Брод загина генералот на ЈНА и народен херој Васко КАРАНГЕЛЕСКИ.
 
Роден бил во селото Брусник, Битолско, на 7 јули 1921. Бил истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија и учесник во антифашистичката војна 1941-1944 г.
 
Пред Втората светска војна бил земјоделски работник. Бил член на организацијата на југословенската комунистичка младина (СКОЈ) од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Бил заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на Четвртата бриада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот на антифашистичката и ослободителна борба бил командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на НОВЈ.
 
По ослободувањето на Македонија од бугаро-германската окупација, дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), ја завршил Вишата воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА). Во ЈНА имал чин генерал-полковник и бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија.
 
Бил член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Прогласен бил за народен херој на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) на 29 ноември 1953 г. Загинал во несреќен случај.
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
 

Културен и информативен центар - Битола објавува конкурс, со траење од 01.02.2023 до 31.03.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада "Ех таа серенада" 2023 .

Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма.

Музичките дела треба да се достават како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари.

Во корист на квалитетот на фестивалот, организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори, и ја задржува целосната контрола врз аранжманите, поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот.

Фестивалот "Ех таа серенада" 2023 ќе се одржи во Офицерски дом – Битола (плато) во рамките на Бит Фест 2023.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.04.2023.

Студентите на УКЛО ќе ја збогатат рекреацијата и забавата. УСС УКЛО им овозможува танц сесии во соработка со танцовиот спортски клуб ТСК СТЕП АП.

Танцувачките вештини студентите од УКЛО ќе ги практицираат со лиценцирани тренери, почнувајќи од март, па се до мај 2023 г. за кои пријавувањата се во тек.
 
Од УСС УКЛО оценуваат дека активноста е креирана да им помогне на студентите да го намалат стресот пред испити, да ја ослободат енергијата и да бидат среќни и воедно, да ги подобрат танцувачките вештини кај сите заинтересирани, особено за оние што ги очекува апсолвентската вечер.
 
Воведувањето нов квалитет во социјалното живеење и забава за студентите силно е поздравено и поддржано од Универзитетот и раководството на УКЛО кое ја негува заложбата за вклучување нови содржини што ќе го  подобруваат севкупното студентско живеење.
 
„Танцот е холистичка активност на умот, телото и душата. Танцот го намалува стресот, ја ослободува енергијата, го поттикнува ендорфинот и ве прави среќни. Да танцува треба секој кој се стреми кон личен напредок, кој има потреба од подобрување на самодовербата, зголемување на концентрацијата, развивање на тимскиот дух, позитивно размислување, дисциплината, држењето и говорот на телото. Танцот е спорт и тоа еден од најкомплексните. Ја подобрува општата кондиција, издржливоста, ги тонира мускулите, одличен е кардио фитнес, ја зголемува флексибилноста на телото. Подеднакво важен и за машкиот и за женскиот пол. Исклучително корисен за сите студенти и студентки на УКЛ“, напиша на својот ФБ профил проректорката Јасмина Буневска Талевска. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани