
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност во просториите на НУУБ “СВ. Климент Охридски“ Битола се реализира работилница „Природа убавина”, каде гости беа учениците од четврто одделение од О.У. „Гоце Делчев“ - Битола со своите наставнички. На настанот присуствуваа и Петар Ставрев – новинар и Сашо Ставрев – фотограф и двајцата љубители на природата. Тие успеаја на еден начин да им ги доловат наједноставните и најважните делови за заштита на природата, а посебно растенијата, животните, водата во неа и надвор од неа и сето тоа поддржано со слики, звуци од природата, растенија од природата (посебно лековити растенија) и слајдови на кои меѓу другото учениците се запознаа и со водата и заштитата на цела флора и фауна во природата.
Со тоа учениците целосно се запознаа со биолошката разновидност и се извлече заклучок дека кон природата треба да се однесуваме како кон скапоценост која не ни е дадена само нам, туку ние треба да ја чуваме и негуваме за идните генерации. Работилницата ја реализира библиотекарката Јасминка Кочевска.
Под мотото „Мојот јазик-моја мелодија“, во Центарот за култура, училиштето „Коле Канински го одбележа патрониот празник и преку низа активности порача да си го чуваме и негуваме јазикот.
На патронатот присутен беше и синот на Коле Канински, Стефан Канински со неговата сопруга, како и советници, претставници од локалната самоуправа и директори на училишта.
- Препознатливи сме како училиште кое учествува во безброј проекти, како домашни, така и меѓународни. Eдинствени сме по тоа што, уште од 1967 година, имаме остварено братски средби со шест држави, кои до ден денес ги негуваме. Со тоа, нашите ученици добиваат можност да се збогатат со нови искуства и да добијат различен поглед кон светот - изјави директорката на „Коле Канински“, Дијана Христовска.
Христовска порача дека училиштето ќе се стреми да биде уште поуспешно, и да создаде уште подобри услови за учење, поквалитетна настава.
- Децата се нашата иднина во која мораме сите да вложуваме - рече таа.
Одбележувањето на патронатот не завршува тука. Утре ќе се одржат и други активности, меѓу кои и свечена седница на ученичкиот парламент, положување на цвеќе на бистата на Коле Канински, како и отворени часови во централното и подрачните училишта.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на работните активности за изградба на улична мрежа и реконструкција на коловоз на 10 краци во селото Егри.
Проектот на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за изградба на велосипедски патеки на две од најголемите сообраќајници во Битола не доби зелено светло на Совет. Сите други советници гласаа воздржано сметајќи дека проектот не е комплетно изработен. Не беше изгласана измена на програмата за економски развој и од буџетот не се обезбедија над половина милион евра за реконструкција на тротоарите на улиците „Васко Карангевски“ и „Партизнска“каде се предвидуваа патеките.
На презентација на проектот, Борче Галевски, градежен инженер- проектант од Јавното претпријатие за урбанистичко планирање рече дека ова е проект за реконструкција на тротоарот од едната страна на улицата „Васко Карангелевски “до спојот со кружниот тек кај Веро, но не и конкретно за изградба на влеосипедкси патеки кои би се правеле подоцна. На тротоарот од три метри, два ќе останат за пешаци, 80 сантиметри за влеосипеди кои ќе бидат одделени со линии од по 10 сантиметри. Но, во предвидените 500 000 евра нема трошици за велосипедкси патеки.
Од Поинаку гласаа воздржано зашто проектот е само делумно сработен и нема јасни податоци колку дрвја и зеленило ќе бидат исечени. Претседателката на Совет, Габриела Илиевска рече дека на прашањето кога ќе бидат готови велосипедските патеки, ѝ било речено писмено да се обрати до градоначалникот. „Кога јас како претседателка не можам да добијам одговор, тогаш како граѓаните би знаеле за каков прокет се работи“, рече таа.
Иван Чулакоски од Поинаку рече дека проектот е наменет за реконструкција на тротоарите, друи потоа ќе се прават велосипедски аптеки, а досега е предвидена една на Васко Карангелевски само во една насока.
Жаклина Наумовска, советничка од СДСМ, изјвија дека ова наликува на проектите од времето „Миле ми текна“ или на фамозната влеосипедска патека што екс градоначалникот Владимир Талески ја исцрта со бели линии низ пешачката зона на Шеталиштето.
Заменик градоначалникот и коориднатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, рече дека од страна на советничките групи се случи класичен пуч кон љубителите на велосипедизмот и дека битолчани ќе видат вистинското лице на оние кои се лицемерни.
„Зеленилото нема да биде оштетено. Ќе има само реконструкција на постоечката состојба на пешачката патека, некаде минимално проширување и врз основа на одобрениот сообраќаен проект од 2014 година, се изработува градежно конструктивен прокет. Кога ќе бидат реконструирани патеките истите ќе бидат обележани за велосипеди. Некој сака тука тезите да ги извртува“, рече Бојкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека точката ќе ја предложaт и на наредната седница.
„Исто така имаме и една порака до сите велосипедсти во градот да не се обесхрабруваат бидејќи нивната желба за Битола да има велосипедски патеки ќе биде реализирана. Покрај сите административни препреки кои Битола ги има во изминатите години за Битола да добие велосипедски патеки денес бевме сведоци дека покрај административните препреки имаме и политички препреки од политички партии кои не им е гајле за велосипедисти“, рекоа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.