
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Граѓаните да не наседнуваат на лаги, полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните.
Се проценува дека модната индустрија е еден од најголемите светски загадувачи, одговорен за околу 20% од отпадните води на планетата и околу 10% од емисиите на стакленички гасови во светот. ЕУ тргнува да го промени ова – но дали е тоа реална можност?
„Опозицијата треба да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ, реално и суштински или за изолација. Не треба да се замајуваат граѓаните со флоскули или со невистини“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.
На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син. Имено, околу 09.20 часот на ул.„Мирка Гинова" во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а таткото се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото. Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во американскиот Сенат е предложена резолуција за славење на македонскиот јазик, култура и историја. Иницијативата ја поднесе Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Во неа пишува дека пишува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“. Проценките се дека македонската дијаспора е главно присутна во Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија и дека денес има околу 500.000 граѓани со македонско потекло во САД.
Според нив на интензивните средби со пензионерите, на маса се неколку теми за заштита на нивниот животен стандард, отворено се разговара за напорите да се амортизира растот на цените, да се утврди висината на минималната пензија, се разговара за финансиските пакети за поддршка во справување со енергетската и економската криза, како и за воведување на проектот Помош и нега во домот.
На 05/06.08.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Во гаснењето на пожарот во Стрелиште учествуваа и жителите од оваа битолска населба. Тие се вклучија самоиницијативно и со помош на хидрантите од станбените згради пуштија противпожарни црева и го изгаснаа пожарот кој стигна до самите згради во населбата. Денес беше навистина ризично во Стрелиште. Десетина пожари за само 3 часа гореа на различни локации низ населбата, а од противпожарната единица рекоа дека сите се подметнати. Во гаснењето учествуваше битолската пожарна, а пожарникарите вложија надчовечки напори да го спасат објектот каде има училиште и градинка.

Десетина пожари за само 3 часа гореа на различни локации низ населбата Стрелиште во Битола, а од противпожарната единица велат дека сите се подметнати.
Еден од пожарите серизоно се доближи до куќите во Стрелиште и во непосредна близна на подрчаното улилиште, каде има и градинка, но пожарникарите го спасија објектот.
На територијалната противпожарна единица за справување со пожарите им помогна и дождот што околу 17 часот ја зафати Битола
