2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На денешната седница 151.владина седница меѓу другото, беше  разгледан и утврден текстот на Предлог на закон употребата на македонскиот јазик.


Новопредложениот Закон, според предлагачот, Министерството за култура, се заснова на: подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација; почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока.

Постојниот Закон за употребата на македонскиот јазик нуди многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, коишто, според Министерството за култура е потребно да се прошират и со дополнителни механизми, што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.
 
Од тие причини, се предлага донесување нов Закон за употребата на македонскиот јазик, со којшто ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа,  службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката. 
 
Со предлогот на Законот ќе се даде правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Министерството за образование и наука ќе објавува конкурси за стипендирање кадри за изучување на македонскиот јазик. Како и досега - и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца. За вршење инспекциски надзор над примената на Законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице.
 
Владата го разгледа и утврди и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот државните награди, со што предлага воведување две нови државни награди.
 
На Иницијатива од Советот за македонски јазик, како што соопшти предлагачот, Министерството за култура, се предлага да се востанови нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство, којашто се предлага да го носи името на Блаже Конески - основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач.

Младински културен центар - Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот организираше концерт во живо на ЗУЛУ 3.4 во неделата на 30 април 2023 година во Порта Џез во Битола. Извонреден настап во живо на овие млади професионални музичари пред битолската публика, со изведба на авторска современа џез музика. ЗУЛУ 3.4 е добитник на наградата за најдобар млад македонски џез бенд, што традиционално се доделува секоја година од страна на Скопскиот Џез Фестивал.

МКЦ-Битола започна со одбележување на Меѓународниот ден на џезот во 2013 година со концертот на Иван Иванов квартет во Битола.

Концертот на ЗУЛУ 3.4 по деветти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Џезот има многу важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Настанот беше организиран во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка на Општина Битола.

МКЦ2

МКЦ3

Денес започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“. Проектот вклучува реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и нов коловоз во должина над 2 километри.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани