2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Моментално запрени се работните активности за обнова на планиансркиот дом Копанки на Пелистер. Од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, кој стопанисува со домот, изјавија дека теренот е расчистен и подготвен за да почне обновата, однесени се песок, цемент, арматура (узенгии за цел објект), но арматурата железо во шипки во должина од 12 метри не може да се пренеси со жичницата која е дел од Ски-центарот „Копанки“, па се бараат алтернативни начини за пренос.

„Наша обврска е набавка на градежен материјал и пренос на материјалот од жичницата на Ски-центарот Копанки до планинарскиот дом, обезбедување вода и електрична енергија. Фирмата што ќе ги извршува градежните работи со машина го расчисти и спреми теренот во објектот, како нивна донација обезбедија и песок. Набавен е цемент и железо за обнова на целиот објект, ќе се носи според потребите. За почеток на градежните активности однесен е песок, цемент, арматура (узенгии за цел објект) останува да се однесе арматура железо во шипки , но спречени сме да го пренесеме со жичницата затоа бараме алтернативно решение за пренос и од овие причини моментално се запрени работните активности“, вели Димче Попов, претседател на ПСК „Пелистер“.

Од ЕСМ Молика кои стопанисуваат со жичницата и ски центарот „Копанки“ велат дека тие уште од март целосно ја имаат ставено на располагање жичницата за да се префрлат сите градежни материјали за обновата на домот Копанки, но оние кои се безбедни и нема да предизвикаат опасност на жичницата. Преносот на железните шипки е комплицирано и бара посебни услови, може да презивика и оштетување на жичницата, па затоа им укажале на ПСК „Пелистер“ да бараат алатернативен начин за транспорт на тој материјал. За да се излезе во пресрет на обновата на домот, дури и ремонтот на жичницата наместо за август е преместен за септември.

До местото каде е прланинарскиот дом Копанки, кој изгоре пред десет години, не води асфактен пат, туку само планинарски патеки, жичница и ски патека. Стариот дом кој изгоре во 2013 година, беше изграден пред 85 години кога немаше жичница, а најголемиот дел од материјалите планинарите енузијасти ги носеа на раце и влечејќи ги со коњи.

Инаку реконструкцијата треба да започне со донација од Општина Битола од 3,8 милиони денари (62 000 евра) , но тоа нема да значи комплетна реконструкција на домот зашто тие пари не се доволни за целосно да се изгради во услови кога цените на градежните материјали растат.

„Финансиските средства што ги донираше Општина Битола лани во август во износ од 3,8 милиони денари (62 000 евра) не се доволни за обновата на планинарскиот дом Копанки од причина што драстично се зголемени цените на градежните материјали и работната рака и се надеваме на додатна финансиска помош од општина Битола“, вели Попов.

Со парите се изработи проект, негова ревизија, се избра надзор. Потпишан е и договор со градежна фирма „Стентон градба“ за негова обнова. Деновиве градоначалникот на Битола, Тони Коњановски изврши увид на Копнаки при што беше информиран дека во првата фаза – карабина, планирано е објектот да биде завршен пред почетокот на зимата.

Ж.З. 

За време на праксата лично се уверив дека СН Осигурителен брокер како општетсвено одговорна компанија го почитува потенцијалот на младитеСекојдневно учам многу работи, методи, стекнувам нови знаења кои понатаму ќе значат многу во идниот кариерен развој. Сфатив што значи самостојност во работата, но и тимска работа, вели практикантот Дарко Филевски.

Денес  теренски, превентивни посети на граѓани од тимови на ЈКП Водовод за рационално користење на питка вода.

Пријателството се гради и одржува со неколку вредности кои се гаранција дека тоа ќе биде долговечно. Квасец на едно такво пријателство се прифаќање на разликите на другиот, искреноста и респектот.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Пријателството се гради и одржува со неколку вредности кои се гаранција дека тоа ќе биде долговечно. Квасец на едно такво пријателство се прифаќање на разликите на другиот, искреноста и респектот.

Од тој аспект има огромна разлика од времето кога српскиот радикален националист Шешељ го кршеше спомен плочите во манастирот Прохор Пчињски на кои пишуваше дека на тоа место на 2 август 1944 година се одржало првото заседание на АСНОМ, државотворниот настан за Република Македонија, од настанот кој оваа година се одржа на тоа исто, историски значајно место за нашата државност на територијата на Република Србија.

Атмосеферата на тој настан е резултат на искрениот пристап кон отворените прашања кои Србија и Северна Македонија ги имаа и ги решија во изминатите 5 години, и во заедничката основа, односно мотивација на која ќе се градат идните односи.

Во однос на отворените прашања лидерите на двете земји заеднички го поттикнаа решавањето на црковниот спор по што минатата година МПЦ-ОА после повеќе децении беше прифатена во светската православна заедница, а заедничата основа на која пријателството меѓу двете земји доби додадена вредност е иницијативата Отворен Балкан.

Вучиќ: Да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања

Долгогодишниот постојан дописник од Белград на МРТ и на МИА, колегата Оливер Бранковиќ, за Рацин.мк вели дека не се случајни пораките упатени во говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ во Прохор Пчински на одбележувањето на АСНОМ и Илинден, и тоа на местото на кое се удрени темелите на македонската државност, јазикот, самобитноста и сето она што ја карактеризира една нација и држава, како македонската, пораки кои неслучајно беа искажани и на македонски јазик.

Во изјавата во манастирот српскиот претседател рече „ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што, кажа Вуќиќ упатувајќи благодарност и до СПЦ „за историските одлуки што ги донесе на добробит и во корист на двата наши народа, и српскиот и македонскиот“.

Колегата Бранковиќ вели дека „следејќи го политичкото дејствување на претседателот Александар Вучиќ, особено на надворешно политички план, тој своите говори, пораки и постапки ги прави по темелни анализи со своите соработници и владата и истите имаат тежина во неговата неприкосновена политика во Србија на долгорочен план.

Во однос на Северна Македонија, вели новинарот Оливер Брановиќ, и тоа во периодот кога и на домашен и надворешен план се водат непотребни полемики за самобитноста на македонскиот јазик и народ,  за српскиот претседател нема никакво сеомневање дека тие постојат и ќе постојат.

Во оценката за македонско-српските односи Бранковиќ укажува Вучиќ во Прохор Пчински искажал ставови кои ми се единствени во изминатите години оцени дека Србија и Македонија имаат „историски најдобри односи“.

Такви пораки претседателот Вучиќ испраќаше и за време и после секој самит на Отворен Балкан, иницијатива којашто во иминатите три години посебно позитивнио влијаеше на односите меѓу двете земји, но и на односите на Северна Македонија и Србија со Албанија.

„И кога имавме одредени проблеми, бевме секогаш блиски, а денес сме најблиски и повеќе немаме ниту едно отворено прашање и горд сум што можам да кажам дека имаме најдобри односи во историјата и верувам дека ќе бидеме умни така и да ги одржиме со децении“, изјави Вучиќ на самитот Отворен Балкан во Белград минатата година, потсеттува колегата Бранковиќ кој за Отворен Балкан известуваше за МРТ и МИА.

Претседателот Вучиќ тогаш им го честиташе на Северна Македонија и Албанија почетокот на преговорите со ЕУ на што Србија помогна во остварување на таа цел (координација и задничката прес конференција во Брисел) и изрази надеж дека ОБ и понатаму ќе допринесе на економското јакнење и поврзување, „да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања“.

Како и да ги толкувате пораките на лидерите на земјите кои самоиницијативно ја создаоа и изградија иницијативата Отворен Балкан, резултатите од оваа успешна политичко-економска сторија говорат дека таа е основниот порив на зближување на политичките и економски интереси на Србија и Северна Македонија, кои во изминатите 5-6 години на Отворен Балкан имаат потпишано и реализирано повеќе билатерални договори и спогодби, отколку севкупно од вопоставувањето на дипломатски односи пред 30 години.

Од друга страна Бугарија ја губи битката за Македонија

Од друга страна, „честитката“ на бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Денков ги повторија познатите пораки за „бугарска содржина“ на Илинденско-преображенското востание како „најмасовент израз на волјата за слобода на бугарскиот народ“.

Тоа е далеку од тоа што треба да го краси духот на пријателството, а во споредба со гестот на Србија и српскиот претседател искусниот новинар и познавач на меѓународните и регионалните односи Атанас Кировски напиша дека „Бугарите треба многу да учат дипломатија од Србите и Александар Вучиќ.

„Нарави гест и го пречека претседателот Пендаровски во Прохор Пчински, ни го честиташе Илинден на македонски јазик, и нагласи дека македонски јазик има и се радува кога го слуша. Затоа на сите истражувања Македонците гледаат во Србите најголеми пријатели“, коментира Кировски.

За разлика од Србите, над 50% Македнци ги сметаат Бугарите за непријатели, укажува Кировски на анкетите, и објаснува дека тоа не е „ништо чудно, кога дури и за Илинден, Румен Радев наместо да испрати човечка и пријателска порака, најде за сходно да провоцира“.

„Можеше Софија да ја има улогата што сега ја има Белград, ама не ги бива“, поентира Кировски.

И новинарот на ТВ 24 Сеад Ризвановиќ речиси идентично ги оценува илинденските пораки на нашите соседи и согласно на тоа ја исцртува актуелната карта на односите на Северна Македонија со соседите.

„Бугарија ја загуби битката за Македонија“, напиша Ризавновиќ на социјалните мрежи и дополнува дека таа битка почна да ја губи „веднаш после погазувањето на Договорот за добрососедство, поразот го завери со резолуцијата во нивното собрание, а поразот го запечати со ветото за ЕУ“.

Со тоа, потенцира Ризвановиќ, „Бугарија ја изгуби битката за јавното мислење (Hearts&minds) на Македонците, и тешко дека ќе може нешто да смени во следните децении“.

Слично како и колегата Бранковиќ од Белград, и Ризановиќ ги гледа развојот на пријателските односи на Северна Македонија со дригите земји од Балканот и посочува дека „оската Белград – Атина, останува главен транспортен и бизнис коридор за земјава, со осетно зголемување на влијанието на Косово и Албанија во бизнисот што е одлично за земјава“.

Од сите “Црвени линии” во срамната резолуција на бугарското собрание, коментира Ризвановиќ,  Софија се сведе на ставањето на Бугарите во уставот како дел од останатите народи, со што 3000 Бугари ќе застанат покрај останатите.

Ризвановиќ меѓусоседските односи на Македонија со земјите во нејзиното опкружување ги става и во еден поширок контекст и вели дека пред сѐ поради силниот притисок на Вашингтон, кој уште еднаш цврсто застана зад државноста на Македонија, „само слепци и будали не гледаат дека причината за опстанокот на државата во овие 3 децении лежи во силната подршка на Америка“.

И да, над Македонија се направени многу неправди во евроатланстките интеграции, но си имаме и ние безброј пропусти во сите области, од историја до корупција. Тоа е животот, полн со препреки, наместо плачење и кукање, потребни се решенија.

Како и да е, иако не очекувавме некоја пресвртна промена, илинденските чествувања и размена на пораки и честитки освен што ги потврдија актуелните односи на Северна Македонија со соседите. Се разбира, стремежот за пријателство останува и понатаму од наша страна да го искажуваме со добра волја и отворени раце. Tоа е одлика на Македонија ни Македонците и, всушност, само така со искрено се гради пријателство.

До тогаш, додека на масата не пристигне и бугарското, со Србија единствено отворено прашање е кој има подобро вино.

Извор: Рацин.мк

Линк https://racin.mk/

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска на прес конференција по брифингот со новинарите го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, што утре ќе го ојави Платежната агенција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани