
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од соопштението на СДСМ
Општина Битола во соработка со јавните претпријатија, приватните фирми, месните и урбаните заедници, воспитно образовните институции и граѓаните, утре ќе ја спроведе акцијата „Генералка викенд“. Работните активности за почиста животна средина ќе започнат од 08:00 часот, а ќе се одвиваат на следните локации:
1. Обиколница на Регионален пат Битола - Охрид
2. АРМ - просторот на поранешната Касарна
3. Просторот околу Хотел „Битола“
4. ул.Тошо Даскалот – Партизанска
5. Тумбе кафе (кај авионите)
6. Mесто викано Кајнак
На наведените локации може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, а своето учество со чистење на површините околу училиштата веќе го најавија 8 основни училишта и средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, со што во акцијата учество ќе земат над 1500 ученици. Културно уметничкото друштво „Илинден“, за време на „Генералка викенд“, заедно со жителите од урбаната заедница, ќе спроведе активности за чистење на УЗ „Даме Груев“, а во акцијата се вклучува и месното население од урбаните заедници „Панде Кајзерот“, „Васко Карангелевски“, „Ѓорги Наумов“, „Благојче Силјанов -Џуџето“ и други, со расчистување на просторот кој гравитира кон овие урбани заедници.
Денеска се навршуваат 34 години од алпинистичкиот подвиг на битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Оваа вест на 10 април 1989 година одекна како голем триумф, но само неколку часа подоцна се дозна за трагедијата дека Диме исчезна на Хималаите и никогаш не се врати дома.
Македонските планинари како најголемо богатство ги чуваат видо снимките и разговорот што преку радио станица се водеше меѓу Мурато и базниот логор кога тој се искачи на Покривот на светот.
-Здраво Диме, како си кажи?
-Ептен убо, одговара Диме
-Браво Диме, сите сме горди на тебе! Не можеме да зборуваме од што сме среќни!
-И ние тука сме среќни, одговара Мурато
На патот кон базниот логор на Хималаите, на надморска височина од 3800 метри подигнато е спомен обележје во чест на Мурато.
Планинарскиот клуб „Пелистер“ од Битола и годинава го организира традиционалниот планинарскиот марш посветен на Мурато кој ќе се одржи на 13.05.2023год. на Пелистер.
Се очекува учество на неколку стотици планинари од земјава и странство, со што Маршот добива меѓународен карактер
Од ПСК Пелистер апелираат сите учесници да бидат со целосна зимска опрема, затоа што од 1.800мнв, па нагоре, Баба Планина е прекриена со снег
