
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 07.09.2022 во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на 06.09.2022 околу 21.00 часот и на 07.09.2022 во двор на основно училиште во Битола двајца малолетници биле физички нападнати од неколку нивни соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и ООУ „Ѓорѓи Сугарев“,- Битола го одбележаа Светскиот ден на борба против неписменоста. На настанот беа присутни м-р Фатма Бајрам Аземовска, Ферзија Асаноска - дипломиран економист (образовен медијатор), Филиз Алиу - дипломиран правник (образовен медијатор), Мелиса Комина – студент на Високата Медицинска школа, заедно со учениците од 8 одделение.На средбата се разговараше за важноста за образование, како услов за интеграција на Ромите во општеството. Присутните дипломирани Ромки зборуваа за нивниот пат како дипломираа, пречки со кои се соочија и како ги надминаа. Во текот на работилницата се зборуваше и за моќта на читањето да се реализира во потполност и за да може секој од нас да си најде прибежиште, сон, знаење. Во ова време читањето е толку скапоцено, нашата заедничка заложба за поврзување со и во читањето го добива своето вистинско значење,
Меѓународниот ден на писменоста се прославува низ светот на 8 септември за да се потенцира писменоста „како човеково право, како сила за достоинство и како основа за смирување на општествата и одржлив развој. Според зборовите м-р Фатма Бајрам Аземовска „Ни треба поголема инвестиција и поефективни политики за да вградиме акција за писменост во рамките на пошироките развојни политики, програми за образование на возрасни, акредитирани скратени програми за описменување, со поддршка на иновативни механизми кои генерираат позитивни синергии во сите политички области, кои се од витално значење за градење на повеќе праведно и кохезивно општество. “
Од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години, 1 461 295 се писмени – од кои 721 734 се мажи и 739 561 се жени. Неписмени се 18 897 од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени
Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18 897 се неписмени. Поголемиот дел од писменото население се жени, но и над две третини од тие што се неписмени.Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите според податоците од 2021 година.
Со огромна тага денеска се збогувавме со нашиот драг и почитуван колега, проф. д-р Љупче Кочоски. Професорот Кочоски беше и засекогаш ќе остане еден од најзаслужните и најпочитуваните членови на академскиот кадар на Факултетот за биотехнички науки- Битола. Личност и професионалец, кој беспоштедно ја развиваше науката и наставата, следејќи ги најновите текови во рамките на својата огромна професионална посветеност и работа.
Проф. д-р Љупче Кочоски ја започна својата академска кариера уште во 1988 година на Ветеринарниот институт-Скопје. Во 2004 година го продолжи својот професионален ангажман на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, поточно на Институтот за биомедицина при катедрата за функционална морфологија. На Факултетот за биотехнички науки започна да работи во 2008 година како професор на областите Хигиена и здравје, хигиена, контрола и надзор на анимални производи, анатомија, физиологија и репродукција на домашни животни, In vitro оплодување на животни, емриологија и хистологија. Во својата наставна дејност беше еден од најуспешните и најомилените професори, кој будно и постојано имаше за цел да го пренесе своето знаење на идните генерации. Во опусот на неговата повеќедецениска научна и истражувачка дејност евидентни се многубројните негови научни проекти, трудови и ракописи од областа на генетиката, ембриологијата, матурацијата, вештачкото оплодување и безбедноста на храната, како и членствата во стручни комисии од областа на ветеринарството. Во 2015 година беше избран за декан на Факултетот за биотехничи науки, а во 2019 година беше избран за проректор за настава на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола.
Професорот Љупче Кочоски со својата професионална дејност и управување на Факултетот за биотехнички науки и на Универзитетот „ Св. Климент Охридски“, како и со својата одзивчивост, безрезервно го даде својот придонес, што ќе остави вечен печат и спомен за неговото дело и посветеност.
Со длабок поклон и вечен спомен Професоре! Ќе ни недостасувате!
Од колегиумот на Факултетот за биотехнички науки- Битола
На денешен ден 8 септември 1942
На денешен ден, 8 септември 1942 година