2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Оваа година учениците од седмата генерација матуранти на Државно музичко училиште-Битола, одбележаа 50 години од матура, објави школото на својата ФБ страница. Меѓу нив се и музичарите, Ѓорѓи Ковачевски - долгогодишен професор по труба во училиштето, Петар Георгиевски Калица - македонски композитор и текстописец, Ѓорѓи Учишев, долгогодишен музички педагог и други истакнати битолски музичари. 

„Едниот колега од ВМРО-ДПМНЕ вели гледате Довлеџик како се прави, а другиот излегува и му вели плаќаме претходни ситуации. Е, да, Довлеџик е од претходна ситуација. Не ја градите вие, некој друг ги исфинансира средствата. Дека се градат улици се градат, некој оставил финансиски средства во буџетот. 7 милиони евра на сметката во плус, а вие 8 милиони евра трошите за шест месеци. Е таа е разликата“, рече советникот Боче Корлевски на денешната седница на Совет отакко запраша на што актуелната власт потрошила толку пари, а советникот Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ му рече дека дел од средствата се за плаќање на претходни ситуации.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани