
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во внатрешноста на клубот Ванчо Михајлов во Битола, на еден од ѕидовите е врамен цитат од негов текст напишан на 2 август 1983 година во Рим, по повод 90 години од формирањето на ВМРО и 80 години од Илинденското востание, каде Михајлов ја негира македонската нација.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со видео обраќање се осврна на провокациите што по повод отворањето на бугарскиот клуб во Битола поттикнаа говор на омраза и недоверба со намера да ги поткопаат и стават под сомнение досегашниот напредок во дијалогот меѓу Скопје и Софија постигнат од силната определба со јасна визија и лидерство од двете страни може да се дојде до достоинствено решение на споровите за заедничка иднина во ЕУ.
Владата на денешната седница го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10%.
Деновиве моето име и името на мојот дедо Пецо Гудовски го изговараат оние кои, во едно не така дамнешно време, не смееја, а и не сакаа да го спомнат. Тоа се истите оние кои борците од НОБ и НОВ ги избркаа од своите простории, а сега ги „позајмуваат“ нивните имиња за еднократна и провидна употреба.
Јулијана Ивановска не е веќе директор на старскиот дом „Сју Рајдер“ Битола, иако на две години пред истекот на мандатот, таа си поднесе оставка од фукцијата, а локалната власт на нејзино место, како вршител на должност ја постави Тања Галовска, дипломиран економист, вработена како раководител на финансова служба, одговорна за јавни набавки во Домот. Ивановска на оваа финкција беше назначена по доаѓањето на Наташа Петровска за градоначалник, како кадар на НСДП и исто така доаѓаше од редот на вработените во „Сју Рајдер“.
Ивановска за време на ковид кризата, тимски и координирано, успешно ја споведоа имунизацијата во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола и со презмените, протоколи, мерки и активности, со добро менаџирање успееја да го зачуваат здравјето на 125 штитеници и на вработените во Домот.
Ивановска останува во „Сју Рајдер“ како главна медицинска сестра.