
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со Жарко Трајков и Александра Мојсовска, претставници на приватната установа за семејна заштита СОС Детско село, која го спроведува проектот „Унапредување на системски недостатоци -поддршка на реформите во системот за заштита на деца“.
По повод престојните верски христијански и муслимански празници на сто пензионери со ниски примања членови на здружението на пензионери ќе им бидат доделени сто пакети со прехрамбени производи. Ова беше одлучено на денешната седница на Извршниот одбор на Здружението на пензионери во Битола одржана под претседателство на Даница Петличкова.
На седницата беше одлучено од 18 април да започнат со работа Клубовите на пензионери во Битола, Новаци и Буково, а навремено да започнат подготовсите за Регионалната ревија на музика, песни и игри под покровителство на СЗПМ, чиј домаќин на 9 мај ќе биде битолското Здружение на пензионери.
Со подобрување на здравствената состојба се планира наскоро да започнат да се организираат пензионерските пролетните и есенските екскурзии, планирани со програмата, како и средбите со збратимените здруженија пензионери. На седницата се расправаше и за други актиелни прашања од животот на членовите на здружението на пензионери од Битола, Новаци и Могила.
Фамозниот член 102 или тивкиот убиец на регионалните и локални медиуми! Токму со овој член кога СДСМ дојде на власт се забрани рекламирањето во медиумите на Владата, јавните претпријатија и сите државни установи. И тоа беше со право, бидејќи сите знаеме колку пари за време на ВМРО-ДПМНЕ се переа и се фрлаа по медиумите и како после тоа беше известувањето и што се случуваше. Мораше некако да се регулира тоа.
ЈП „Водовод“ соопшти дека на ден 14.04.2022 (четврток), поради дефект на водоводната мрежа ПВЦ Ф-300, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на ул."16-та" ( после железничкиот мост) до ул. "Индустриска". Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 09:00 ч. до завршување со работните активности.