2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ЈП „Водовод“ соопшти  дека на ден 14.04.2022 (четврток), поради дефект на водоводната мрежа ПВЦ Ф-300, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на ул."16-та" ( после железничкиот мост) до ул. "Индустриска". Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 09:00 ч. до завршување со работните активности.

Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат

Собранието на учесници во консолидацијата на земјоделско земјиште од село Логоварди (Општина Битола) со мнозинство гласови од сопствениците го усвои Планот за распределба на земјоделското земјиште во Логоварди. По Егри и Трн (исто така во Општина Битола) и Дабјани (Општина Долнени), ова е четвртиот усвоен план за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите, во рамките на проектот финансиран од Европската унијаМАИНЛАНД, кој е ко-финансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) и се спроведува во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од Општина Битола информираат дека во тек е  изградба на коловоз на улица Крушевска Република во должина од 490 метри,  зад стадионот „Петар Милошевски“.

Извршниот одбор на првата седница за секретар на општинската организација на СДСМ во Битола ја избра Гордана Анастасова. Таа е дипломиран учител и во моментов ја извршува функцијата директор на ОУ Св. Климент Охридски Битола. Анастасова а е долгогодишен активен член на СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија , изминатите четири години член на Комисијата за образование при СДСМ Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани