
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Третиот мастерс од вкупно предвидените седум од Првенството на Македонија во Американски пул билјард се играше 14 1 или во светот позната уште и како straight pool billiard. Турнирот за А дивизија или прва лига се одржа во Гран клуб Скопје на десети април. Се работи за најстарата игра од пул игрите која што како повторно да зема замав и се повеќе добива на популарност. Игра која навидум е лесна, но се работи за многу интересна и игра која бара и стрпливост и итрина и држење фокус на подолг период. Игра со многу замки и каде послабиот играч скоро и да нема шанси.
Како што е познато во А дивизијата битолчани настапија со четворица натпреварувачи од вкупно 16 кои се фиксни за оваа година. Последните четворица испаѓаат, а нашите играчи се во безбедна зона. Илче Трајковски го освои трет пад по ред 5 место исто како и младата битолска надеж Христо Василевски. Најуспешен беше Тино Бојаџиев освојувајќи го второто место и само ја потврдува високата класа која ја покажа на минатиот турнир кога сите почести беа за него. Особено беше фуриозен во полуфиналето кое го заврши скоро без грешка. Со освоените бодови е само 70 бода за водечкиот во Генерален пласман. Судии на сите турнири се битолчаните Горан Петровски Сајкал и Горан Думевски Панчо..
Советникот од Левица, Горан Велевски поднесе иницијатва да се достави барање до Јавното претпријатие за државни патишта за осветлување и поставуавње соодветна сигнализација во тунелот и мостот на регионалиот пат А3 во Битола. Тој истакна дека во неосветлениот тунел е збиралиште на животни кои се предизвикувачи на сообраќајни несреќи.
„Повеќе години нема интервенција на надлежните за заштита на граѓаните, односно осветлување на тунелот и патна сигнализација околу мостот над Битола. Сведоци сме на неколку тешки сообраќајни несреќи зашто овој дел не е осветлен и нема патна сигнализација. Тунелот повеќе години е живеалиште на животни односно коњи и кучиња во сопственост на ромското население и тие се моментални предизвикувачи на сообраќајни несреќи. Доколку се осветли соодветно овој тунел и се постави патна сигнализација значително ќе се намали ризикот од секаков вид на опасност предизвикан во следниот период. Ќе се зголеми видливоста и со патната сигнализација ќе се огранични брзината“, рече Велевски.
На деветти март годинава седумнаесетгодишна девојка беше тешко повредена откако возилото во кое патувала удрило во коњ и излетало од регионалниот пат А3 Битола-Прилеп. Сообраќајката се случила во близина на тунелот од обиколницата над Битола.
На дневен ред на денешната седница на Совет на Општина Битола поставене е точка за измени на програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на микролокацијата фудбалски стадион пред Тумбе кафе.
Точката гласи: „Одлука за измена на програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини , член 1- се врши десетта измена на програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на Општина Битола, точката 5 се брише –микролокацијата фудбалски стадион пред Тумбе кафе. Член два се задолжува општинската администрација на Општина Битола да ја спроведе оваа одлука и да преземе мерки за остранување на објектите поставени на микролокацијата“.
Точката на дневен ред ја предложи претседателката на Совет Габриела Илиевска.
Изминатите денови се крена голема врева околу времениот објект поставен на јавна површина пред влезот на фудбалскиот стадион во Битола. Дел од граѓаните побараа истиот да се тргни, а сопственмикот на социјалните мрежи соопшти дека за поставувањето ги има сите потребни дозволи.