2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Наши читатели од потпелистерското село Цапари попладнево испратија фотографии од априлскиот снег што заврна денеска. 

Снегот на повисоките места беше причина за спуштање на температурите за околу 10 степени. Од УХМР  најавуваат  засилен северен ветер и во текот на утрешниот ден, но постабилно време, со сончеви периоди и  ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро и среда, кога се очекува температурата  до -5 степени. 

На 09.04.2022 околу 15.30 часот во СВР Битола, В.А.(77) од Битола пријавила дека околу 15.30 часот во нејзина нива на ул.„Индустриска“ настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне.

Од МВР соопштија дека пожарот се проширил на соседната фабрика (млекарница Идеал Шипка) а при обид да го изгасне пожарот, со повреди се здобил М.Ѓ.(29), вработен како обезбедување. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат. Увид извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува поднесок.

Делегатите на Изборната конференција на СДСМ Битола едногласно ги изгласаа новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на партискиот огранок.

За членови на Извршниот одбор на СДСМ Битола избрани се :

Гордана Анастасова, дипломиран учител ;

Миле Велјановски, дипломиран економист ;

Виолета Дракалска, дипломиран правник ;

Елизабета Ивановска, специјалист интернист, субспецијалист пулмолог ;

Пеце Кондовски, магистер по маркетинг менаџмент ;

Андреј Лозановски, студент ;

Пеце Матевски, дипломиран машински инженер, магистер по менаџмент на човечки ресурси ;

Јадранка Павловска, дипломиран менаџер во биотехниката;

Елена Пејчиновска, апсолвент на Медицински факултет ;

Јосиф Петровски, доцент доктор на науки ;

Бенер Синаноски, магистер на правни науки ;

Елена Спасеновска, дипломиран биолог, магистер по менаџмент во образование ;

Вера Средовска, дипломиран правник ;

Андреј Стојановски, дипломиран стоматолог ;

Зоран Степановски, геолошко рударски техничар ;

Валентина Стојановска, дипломиран економист, магистер по човечки ресурси ;

Теодор Тодоровски, дипломиран економист – банкар и

Елена Шалевска, магистер по англиски јазик и книжевност.

За членови на Надзорниот одбор на СДСМ Битола избрани се :

Панде Атанасов, машински техничар – енергетичар ;

Рабие Бајрамовска, дипломиран правник ;

Јагода Грашеска Трајковски, дипломиран менаџер по царина и шпедиција ;

Ивона Трифунов, магистер по јавна администрација и

Борче Петковски, доктор по ветеринарна медицина.

Претседателот на СДСМ Битола, Драган Крајовски претставувајќи ги предлозите рече дека тие се резултат на бројните средби што се одржаа со сите месни организации на партијата во Битола, при што, запазени се сите постулати на СДСМ – еднаква застапеност на мажите и жените, 30 проценти од предложените членови се младинци, и секако припадници на различни етнички заедници.

“ Предложените членови се наши другари и другарки, истакнати партиски борци, заслужни за победи што сме ги извојувале и сигурен сум ќе ги извојуваме пак уште на првите следни избори. Ве повикувам со поддршката што вечерва ќе ја дадете за избор на новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор, да започнеме да ја пишуваме новата страна во работењето на СДСМ Битола на која нема да има големи и мали букви, наслови и фусноти. Да бидеме сите едно, сите сме другари, сите сме СДСМ. Да го покажеме тоа и на дело”, рече Крајовски во обраќањето.

На Изборната конференција на СДСМ Битола покрај делегатите од Битола, присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ и заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседател на СДСМ и министерка за култура во Владата, Владимир Рендевски, заменик министер за здравство во Владата на Република Северна Македонија, како и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Битола Васко Ковачевски, Емилија Костурски, Васко Колевски, Рула Чаламани и Виолета Џима.278128426 348057877364976 5582729600901397120 n

278086340 348057810698316 2268594831964761472 n

278170457 348057907364973 6585168199856777122 n

Времениот објект што деновиве е поставен на Шеталиште пред влезот на Стадионот ќе биде coffee to go станица, се јави на социјалните мрежи сопственикот Гордијан Петровски и во објавениот ФБ статус тврди дека ги има извадено сите потребни доволи.

„Овој објект ќе биди coffee to go станица, секако има уште многу работа за да го добие својот вистински изглед. Објектот уште не е готов, во наредните денови ќе се финишира се и тој ќе се вклопи во целост со скејт паркот. Просторот кај што е поставен не е зелена површина, не е место кое е заштитено со закон како музејска и историска вредност и ги имам сите дозволи, а исто така си ги платив уредно. Тоа можите да си го проверите и во Општина, а заедно со се елаборатот можам да ви ги испратам ако сакате на сите поединечно, заедно со сите решенија од УЈП, Централен регистар и Државен пазарен инспекторат“, напиша Петровски.

Вакви станици имал видено на неколку места, во неколку паркови во Хрватска, каде работел изминатите години.

„Јас во социјалниот живот сум никој и ништо, дете од просечна фамилија, се разбира ако бев богато лигајчарче ќе ги немав овие проблеми, сите ќе идевте да ми честитате и ќе ми се восхитувавте на идеата. Но, сите да сте здрави и живи, за неколку дена местото ќе биде разубавено и ќе му вдахниме живот. Јас не сум правник, туку само еден млад угостител кој се обидува да се бори на домашен терен, а не да оди во странство, но за легалноста на сето ова ве упатувам во Општина Битола за подетални и стручни информации. А за изгледот на местото, за жал ќе мора да почекате уште неколку дена, не не послужи и времето. А скептиците, повторно ќе бидат разочарани, бидејќи местото ќе биде разубавено, а не нагрдено“, напиша сопственикот, посочувајќи дека одвај чека цело лето да се дружи со битолчани со музика, кафе, цеден портокал, протеин, сенка и чист воздух.

За идејата и инвестицијата на младиот битолчанец под неговиот ФБ статус му лајкнуваат и лица кои партиципираат во локалната власт.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Времениот објект во вид на трафика кој е поставен на битолското Шеталиште пред влезот за Стадионот, предизвика реакција од министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Тој на неговиот ФБ профил напиша:

„Капиталните инвестиции на оваа наспроти претходната власт.

Офицерски дом во Битола наспроти новиот гулабарник.

Јавна установа за сите граѓани наспроти приватно гранапче.

Промените на поинаку започнаа во Битола на најјако.

Капиталните иновативни решение веќе се видливи.

Разликите се како куќарките од приказните со трите прасенца“.

277813681 396161025850454 6514612358057838037 n

277803917 396161089183781 8092755551876167576 n

На 09.04.2022 во 23.30 чaсот на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници Одделот за сериозен и организиран криминал – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кучиња од слобода е лишен Д.Д.(33) од Битола, поради основи на сомнение за извршено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

Имено, при преглед на патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., биле пронајдени и одземени ќеса со кокаин и едно пакување со марихуана. Лицето е приведено во СВР Велес за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Расцветаа магнолиите на Магнолија- рај за очите.

Александар  Литовски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани