2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор.

На многумина кои попладнево патуваа од Битола за Скопје и обратно им преседна празничниот продолжен викенд.

На 25.04.2022 во времето од 14 - 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 115 возачи. 33 санкции се изречени на територија на Битола, 27 санкции на територија на Прилеп,  40 на  територијата на Ресен,  6 санкции на територија на Демир Хисар, 7 во Македонски Брод и 2 Крушево. 
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Пишува: Александар Литовски

23 Април е Светски ден на книгата и авторските права, по тој повод денес директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски„ - Битола, м-р Бојан Стефановски на битолчанки им подари книга и цвеќе и им ги честита претстојните велигденски празници посакувајќи им многу здравје и среќа.

Синдикалната организација при РЕК ,,Битола" на сите христијански верници им ги честита Велигденските празници со желби за здравје, успех и благосостојба. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани