
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преку ноќ шахта на тротоар на Партизанска остана без капак, а движењето по пешачката патека е небезбедно и опасно.
Со желба за здравје, благосостојба и хармонија АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ им го честита најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници.
Сообраќајот на Обиколницата кај Битола е нормалзиран околу 20 часот, информираат од битолската Полиција за апла.мк. Патот беше блокиран околу еден час, откако жителите од Ромската населба запалија ѓубре на коловозот од што се издигаше густ и црн чад. Тие на овој начин го изразува револтот затоа што со денови се без струја.
По повод одбележувањето на 22 април, Светскиот ден на планетата Земја и Светскиот ден на книгата, 23 април, Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ започнува со реализација на проектот: „Млади поети пишуваат за планетата Земја“. Реализацијата на овој проект ќе биде во чест на упокоениот, почитуван Ротаријанец и активист Нешат Аземовски. Нешат Аземовски беше истакнат, активен долгогодишен еко- активист и основач на НВО „Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација на младите, промотор на вредности за мултикултурализам. Препознатлив по својот активизам на локално, национално и меѓународно ниво.
Густ црн чад се издига над Обиколницата кај Битола, откако попладнево жителите на Ромската населба на коловозот запалија оган од ѓубре и гуми.
