2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

Денеска на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола, по добиена судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на З.Т.(58) од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, по чл.396 од Кривичниот законик.

Извршниот одбор на Здружението на пензионери под претседателство на Даница Петличкова, денес ја усвои програмата за работа на Здружението на пензиниери за следната година, истовремено и програмата за работа на Надзорниот одбор и финансискиот план за 2022 година. Беа разгледани и други точки на дневен ред со цел пензионерите и наредната година да имаат богата и разновидна програма. Исто така, активностите на Здружението ќе бидат насочени и кон оставрување на потребите на пезнионерите, посебно на оние кои спаѓаат во ранливите категоирии, социјално загрозени, изнемоштени лица, самци со давање на одредена помош и со згрижување во старски домови, купување и доставување на прехрамбени продукти, набавка на лекови, средства за хигиена, а сето тоа во соработка со волонтерите од Општинската организација на Црвениот крст од Битола и локалната самоуправа.penziooneri 4

Во наредната година ќе се продолжи со давање на хуманитарна помош и други донации по оцена на Извршниот одбор со донесување на посебни одлуки , како и помош организирана заедно со локалната самоуправа преку програмата за социјална заштита во наредната година и преку граѓанските организации, како што е „Ајде Македонија“ и други.

Здружението на пензионери и во следниот период ќе посредува во набавката на огровно дрво за пензионерите, за повластено патување со градскиот автобуски превоз и ќе се вклопи според можностите во активностите што ќе ги организира Сојузот на Здруженијата на пензионери за музичките и спортските натпревати.

На седницата беше истакнато дека преку Поштата и Халкбанка пензионерите доколку имаат потреба можат пензиите да ги земаат на домашна адреса за што банката им стои на располагање за овие услуги во случај да не можат да ги посетат банките. Се расправаше и за поддржување на иницијативата за стекнување со простории во месните заедници и други активности предвивени со богатата програма што беше едногласно усвоена од страна на членовите на Извршниот одбор. Во текот на утрешниот ден седница ќе одржи Собранието на Здружението на пензинери, како и седници со претседателите на месните ограноци и на комисиите.  

ПЕНЗИНЕРИ 3

ПЕНЗИОНЕРИ 5

На 28.12.2021 во 18.15 часот во СВР Битола А.Џ.(44) од с.Обедник, демирхисарско, пријавила дека околу 14.00 часот нејзиниот 17-годишен син во близина на музеј во Битола бил удрен од патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, а по настаната вербална расправија, бил и физички нападнат од возачот на возилото, информираат од СВР Битола.

На 28.12.2021 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х(57) од Тетово. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански регистарски ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен и спуштен на главниот пат.

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ повеќе од една година го спроведува проектот „РомаАБЦ оди напред - Понатамошен развој на иновативни инструменти за борба против функционалната неписменот кај Ромите и други ранливи групи во Европа“ кој е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

На 23 декември 2021 година, во Киното Манаки, со свечена академија се одбележа 115 – годишнината од херојската смрт на еден од најголемите великани на македонското револуционерно движење Дамјан Груев. Свечената академија се одржа во организација на Здружението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев.

Присутните гости на академијата, меѓу кои беше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, најпрво ги поздрави претседателот на Здружението Дамјан Груев, Ристо Грујовски, кој, меѓу другото, истакна:

-Револуционерниот апостол, најголемиот револуционерен син, Дамјан Груев, кој со право го нарекуваат најцврст столб вграден во македонската државност, е повод за вечерашната академија, поточно 115 од загинувањето. На почетокот ќе истакнам дека Здружението без разлика на потешкотиите кои ги имавме, успешно ја реализира својата програма која се темели на нашиот статут, а ја следиме и девизата на нашиот патрон дека трудот, постојаноста, умереноста, а најмногу вербата во идеалот, карпи разрушува. Ова е трета јубилејна свечена академија од нашето постоење, по повод неговата смрт, а оваа година одбележуваме и 150 години од неговото раѓање на 15 јануари 1871 година, рече Грујовски и додаде:

- Дамјан Груев не задолжи да го чуваме аманетот поставен од нашите револуционери, да ги одбележуваме и чуваме големите историски датуми кои не потсетуваат дека нашата држава и слобода се создавала низ борба со големи жртви, а тоа го рекоа и Груев: не е далеку часот кога облеаната во крв Македонија ќе засветли во сонцето на слободатата, па затоа денес со гордост го положуваме цвеќето во негова чест. Големо е делото на Дамјан Груев во македонската историја, а тоа го рече и професорот Ванчо Георгиев, но секако неговото дело се уште бара истражување.

Присутните гости на академијата ги поздрави и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, кој истакна:

- Особена чест и задоволство ми претставува што имам можност да присуствувам како градоначалник на Битола на одбележувањето на овој значаен јубилеј. Би сакал, од мое лично име и од името на Општина Битола, да ве поздравам и да ви го честитам јубилејот 115-години од смртта на великанот на македонскиот народ, херој и револуционер Дамјан Груев. Битола како град е нераскинливо поврзана со животот и делото на Дамјан Груев, затоа што тој голем великан твореше во нашиот град, беше учител во нашиот град, тука го основа Месниот комитет на Македонската револуционерна организација, од нашиот град тој раководеше со бројни активности на Македонската револуционерна организација и тука имаше активна и интензивна патриотска, револуционерна и дипломатска дејност. За сето тоа што го направи за нашиот град и за нашата татковина, сме му вечно благодарни – истакна Коњановски.

На академијата свое излагање за историската важност на Дамјан Груев, имаше и младиот историчар од Битола, Васко Гичевски, кој се осврна на историското значење на Даме Груев како револуционер и водач на Илинденското востание, но и за ликот на Дамјан Груев од аспект на учител.

На свечената академија имаше и богата културно-уметничка програма, која ја подготвија Марија Младеновска Димитровска, психолог во СОУ “Таки Даскало“, Николина Поповска, наставник по македонски јазик во СОУ “Таки Даскало“ и Марјан Тасевски, професор по македонски јазик во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“, како и музичари од Музичкиот центар Korunovska music and singing. Беа доделени и благодарници на поддржувачите на Здружението Дамјан Груев, како и диплома на Антонио Димитровски за заслуги за промоција на ликот и делото на Даме Груев.

Во рамките на чествувањето на јубилејот беше положено цвеќе пред споменикот кај НУ Завод и музеј, и панихида и полагање цвеќе на Могилата и споменикот на Даме Груев во родното Смилево.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани