2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, УПОС при ЈП „Стрежево“ до верниците од православната вероисповед упатува честитка со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

На 67 -години по кратко боледување почина Благој Митревски познат како Манче Свирачот. Свиреше на саксафон и кларинет и низ годините беше член на повеќе музички групи во Битола, како и на културно-уметнички друштва. Битолчани го паметат како голем вљубеник во музиката и човек кој со кларинетот им ги развеселуваше забавите. 

Погребот ќе се одржи утре на 6 јануари 2022 година во 12 часот на старите Светонеделски гробишта, а ќе биде изложен во капелата во Света Недела.  

Ако во  јануари во Битола се паметат сибирски температири кога живата во термометарот се спуштала под -30, денеска се измерени 18 степени, со што е најтопол град во земјава.  

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Свети Климент Охридски“.  Со зголемувањето на библиотечниот фонд со овие лектирни изданија, се овозможува нивна достапност и за децата со оштетен вид. Донацијата се реализира по повод Меѓународниот ден на Брајовата азбука 4 Јануари, а се состои од повеќе примероци на книгите „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Песни“ од Миладинов, „Автобиографија“ на Григор Прчличев и „Малиот Принц“ од Антоан де Сент Егзипер

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани