2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

 

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од ковид-19, соопштија од Владата. .

Моделот подразбира дека секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение ќе има пристап преку веб-страна единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

„За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб платформа, граѓаните ќе бидат навремено информирани во рокот утврден за примена на новиот начин на испорака на решенијата за изолација до граѓаните“, соопштија од Владата.

Се одржа конститутивна седница на Локалниот младински совет на општина Битола. Од двајцата предложени кандидати, за претседател на Младинскиот совет, беше избрана Ивана Атанасовска.

Пред деветте членови на младинскиот совет се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој им посака успешна работа во понатомошниот период и многу конструктивни идеи и предлози, кои ќе придонесат младите да останат во својот град и заедно со локалната самоуправа, да работат на подобра иднина за младите во целата општина.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, во своето обраќање изрази верување дека познатата реченица: младите се нашата иднина, нема да биде само обична флоскула, туку Младинскиот совет со својата работа ќе докаже дека младите можат да направат многу за да се спречи одливот на младата сила во странство.

И претседателката на Советот и градоначалникот, нагласија дека општината е отворена за постојана соработка со младинскиот совет и дека очекуваат многу иницијативи и проекти, кои во идниот период, би се реализирале согласно законските можности.атана

 

На денешната 10 седница, Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица.

Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, при што нема да бидат објавувани лични податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.

Оваа измена се воведува поради зголемениот број граѓани за кои се определува мерката изолација и поради намалениот број денови за изолација, а со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Со новата методологија се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19 . За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните. Потврда за објавено решение за самоизолација може да биде издадена и за потребите на Основното јавно обвинителство или друг јавен орган со надлежност за увид во решенијата за изолација.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани