2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

АД ЕСМ потпиша договор за реализација на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила, кој во првата фаза чини 34 милиони евра. Економскиот оператор RBA Конзорциум набрзо ќе почне со изградба и поставување на цевките, објави премиерот Зоран Заев на фејсбук. 

„После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализација на овој проект, за само неколку години стигнавме до потпишување договор, а за кратко време и почеток на изградбата на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. На овој начин жителите на Битола, Новаци и Могила ќе добијат парно греење, како најблиски населени места кои гравитираат околу комбинатот.
АД ЕСМ сега го направи проектот Топлификација економски исплатлив, што претходно истиот не беше. Со предвидената изградба на когенеративната гасна електрана која ќе произведува и електрична и топлинска енергија и која ќе биде замена за два блока на јаглен во РЕК Битола, се прави инвестицијата во топловодната мрежа да биде економски оправдана во иднина, затоа што претходно не беше јасно што ќе биде со топловодната мрежа кога РЕК Битола ќе згасне ваков каков што постои, односно на јаглен“, напиша Заев. 241575562 10159948227122932 8515344896872884795 n

Како заокружување на проектот за комплетна изградба на улицата Крушевска република, во тек е поставувањето на нова водоводна мрежа на оваа улица, во вредност од околу 2 000 000 денари, средства од општинскиот буџет. Во фаза на евалуација, во моментот е постапката за избор на изведувач за изградба на коловоз, за што општината издвои 19 000 000 денари. Пробивањето и изградбата на улицата, ја следи и изградбата на отворениот канал во вредност од 35.000.000 денари кој е во завршна фаза, а со што се решава собирањето на атмосферските води од Лавчанскиот пат, се до Тумбе кафе.

На овој начин се решава проблемот на запуштеност на овој дел на градот и се овозможува сообраќајно поврзување на улицата „Македонска фаланга“ со новоизградените улици во АРМ, преку изградба на комплетна современа инфраструктура.кр

Се изведуваат завршните активности од реконструкцијата на улицата ,,Рузвелтова" во вториот крак пред Поштата во Битола. Откако беа поставени клупи, сега улицата се разубавува со цвеќиња, а посадени се и украсни дрвја сорбуси. 

Вкупната вредност за реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, која опфаќа  водовод, канализација, улично осветлување, коловоз и урбана опрема изнесува 11.331.728 денари.

Во тек се и активности за поставување коцка на улицата пред Комерцијална банка се до влезот на паркингот. Тоа значи дека целиот овој дел од градското јадро почнувајќи од пред Пионерскиот дом до паркингот кај Комерцијална банка ќе биде со коцка.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани