2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Досега во Региoналниот пункт во Битола аплицирани се над 50 илјади дози вакцини против КОВИД-19 на жителите на Битола и соседните општини, а интересот кај битолчани е константно голем, потврдуваат надлежните.

 

Доказ дека љубовта и ентузијазмот можат да премостат многу граници, е примерот на Радмила и Мартин,кои во старата чаршија веќе извесно време се сопственици на кафетеријата „Улаф сте“. Како лица со оштетен слух, нивната гостопримливост и отвореноста кон гостите ја покажуваат постојано, комуницирајќи на знаковен јазик. А ако гостинот сака, преку буквите на знаковниот јазик поставени во кафетеријата, може барем да се обиде да си го каже своето име и да се запознае со љубезните сопственици.

Градоначалничката Наташа Петровска утринава ја посети кафетеријата „Улаф сте“, лоцирана на булеварот 1 Мај, една од најубавите пешачки улици во градот и се сретна со Мартин и Радмила.

„Ви честитам за храброста, бидејќи за да се започне приватен бизнис во денешно време е навистина тешко. Се радувам на заедничката средба, на овој разговор и на можностите заедно да соработуваме во иднина, на различни проекти од значење за градот и за битолската чаршија“, рече градоначалничката Петровска.

Радмила и Мартин велат дека сакаат да бидат пример на една љубовна приказна која треба да допре до сите. Амбиентот покрај реката Драгор, местоположбата на кафетеријата, им дава дополнителна радост и мотивација да направат и други приказни со кои и градот би бил препознатлив. Посетата на градоначалничката Петровска и дадената рака на поддршка од локалната самоуправа за нив е многу значајна, Тие истакнаа дека ова е пример многу важен за лицата со попреченост,во нивната намера да се отворени за промени и да не се повлекуваат пред животните предизвици.каде

Во стотина села во Битолско и околните пелагониски општини од понеделник Здравствениот дом од Битола почнува теренска вакцинација. Подготвен е распоред на села, а вацинацијата ќе се одвива во училиштата претежно од осум часот наутро до два и половина попладне, но сепак во секое село се точно утврдени термините во кои ќе се изведува имунизацијата. На пунктовите можат да се пријават сите жители кои сакаат да се вакцинираат. Вакцинацијата во руралните средини ќе трае 15 дена поточно од 27 јули.листа 2

ЛИСТА 3

ЛИСТА 4

ЛИСТА 5

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 8 јули1943, во  Битола е убиен Трајче МАГЛОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден е во селото Смилево на 4 мај 1923 година. Беше ученик во Битолската гимназија и уште тогаш стапи во напредното движење, односно беше меѓу најактивните членови на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ во нејзините антиокупаторски активности во Битола. Заради тоа повеќепати е апсен од бугарската фашистичка полиција, но секогаш храбро се држеше и не ги предаваше своите другари.

Во јули 1943 година, штотуку излезен од затвор, на пат за селото Лавци беше фатен и уапсен од локалниот полјак Перо Василевски-Пачата, а при обидот да му побегне беше убиен.

Подготвил: д-р Акександар Литовски, историчар

 

Хероината од „Медена земја“ Атиџе Муратова заедно со Сузана Турунџиева вчеравечер ја промовираа новата заедничка песна насловена како „Од Бекирлија до Битола“. 

Музиката и текстот се на Сузана Тутунџиева, додека за аранжманот се погрижи Роберто Поп Димитров. 

И на промоцијата и во видео записот за песната, не за прв пат, јавноста ја виде стилската трансформација на Атиџе од Бекирија, а овој пат таа изненади со нова фризура, одличен избор на фустан и сандали со висока потпетица. 

Во продолжение слушнете го музичкото дуетско остварување на Турунџиева и Атиџе:

https://youtu.be/Gi_jlGknH88

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани