
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола ќе субвенционира адаптација, изградба или поставување пристапни рампи за инвалидски колички до и во домовите на лицата со попреченост. Средствата ќе можат да се искористат за адаптација на постоечки или за изградба и набавка на нови фиксни или преносни пристапни рампи. Целта е надминување на висински растојанија или други физички пречки и бариери до и во живеалиштата на лицата кои не можат да се движат самостојно.
Според правилникот за искористување на средствата од програмата за социјална заштита, рампите можат да бидат внатрешни или надворешни, со цврста градба од бетон или од челични елементи. Максимален бруто износ што ќе може да се искористи е 61.500 денари. Сумите што се над овој износ се на товар на барателот.
Лицата кои ќе побараат субвенции треба да се македонски државјани, жители на Битола, да ја имаат потребната медицинска и урбанистичка документација, да достават согласност од куќниот совет во зградите дека се прифаќа да има доградување или поставување рампа, како и фотографии.
Во Битола има многу згради без пристапни рампи или само до првиот кат, па инвалидизираните лица мака мачат да излезат на воздух или да се вратат во својот дом. Дел од нив дури ги имаат продадено становите за да се преселат од други катови на прв.
Синоќа на 59 годишна возраст поради компликации од КОВИД-19 почина универзитетскиот професор, поранешен заменик министер за образование и пратеник од СДСМ Тале Герамитчиоски.
Обилните врнежи на снег создадоа услови за продолжување на ски сезоната, а ЈП Стрежево ги подготви ски патеките во Нижеполе, па на задоволство на сите љубители се скија и вечрава од 17 до 20 часот. Скијањето продолжува и утре од 9 до 14 часот. Од ски центарот Нижеполе апелираат да се почтуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19 .
Сподели жена-автор (сподели авторка) е иницијатива започната од Сара Миленковска, коосновач во Женската менторска мрежата „Стела“, чија цел е да ги доближи писателките и феминистичката литература до младите девојки во библиотеките низ Северна Македонија. Идејата започна откако еден од менторираните на „Стела“, не беше во можност да најде ваква литература во локалната библиотека. За да се надмине овој јаз, неколку активисти и ментори на „Стела“ се собраа да изнајдат начин да соберат наслови од женската и феминистичката литература и да донесат литератури од жени во локалните библиотеки во некои од помалите градови низ земјата..
Иницијативата започна со повик за споделување книги што ги имаме дома. Валона Речица, како ко-основач на „Стела“ и „Чивнинг-алумна“, го поддржа процесот во кој Македонската асоцијација на амнести во Чивнинг обезбеди ресурси за купување на околу 100 книги. Со оваа поддршка, купени се три пакети со книги на македонски, албански и англиски јазик за три библиотеки.
Првиот пакет книги беше доставен во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола по повод Светскиот ден на поезија на ден 21.03.2021 година. Достапноста на информации е особено важна, со цел се подобри образовниот систем, сметаме дека оваа литература исто така треба да се земе предвид. Дури и во дигиталната ера, важно е да се има пристап до литературата, особено онаа што има еманципаторска цел. Библиотеката ја користи можност за повик до сите заинтересирани за донирање на книги од „Авторка“.
ЈКП Водовод Битола се приклучува кон одбележувањето на светскиот ден на водата. Денеска 22 Март 2021 година е Светскиот ден на водата кој оваа година се одбележува под мотото ,,Вредностите на водата“.Организацијата на обединетите нации (ООН), го покрена одбележувањето на Светскиот ден на водата пред 30 години, под овогодинешното мото со централна кампања се залага да се охрабрат луѓето да дадат свое мислење за значењето на водата за рационално користење на истата. Водата значи живот, водата е најзачајниот елемент на здравјето, водата е присутна во секој сегмент од животот. Денес водата е под екстремна закана од се поголемиот број на население на светско ниво, влијанието на стопанството и индустриските капацитети, како и влијанието на климатските промени.
ЈКП Водовод Битола по повод Светскиот ден на водата апелира до сите граѓани рационално и одговорно да ги користат природните водни ресурси, како главен извор на нашето здравје, со што директно ќе се приклучиме кон вреднувањето на водата на светско ниво во услови на пандемија со вирусот COVID 19.
Водата треба сите правилно да ја вреднуваме и да ја чуваме за сите и за генерациите кои доаѓаат.