2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

50 новозаболени се регистрирани денеска во Битола и едно починато лице од коронавирусот. Има 413 активни случаи, а во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19

 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Лекарската комора  како највисоко стручно здружение на докторите по медицина,  упатува апел и ги повикува сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем.

Експоненцијално растат бројките на заболени од ковид-19, рече градоначалничката на Битола, додавајќи дека има појави во некои кафулиња да се ставаат поблиску масите, па ја повика инспекцијата да делува.

„Да се почитуваат мерките, од односот на сите нас зависи како ќе се одвива ситуацијата и дали пиковите ќе ги избегнеме. Носењето на маските, држењето на дистанцата, се сепак суштински и навремената поддршка на здравствените институции. На последниот состанок на Кризниот штаб на кој беа сите директори на здравствените институции посочија дека тие се во добра кондиција од аспект на давање на услугите и следење на состојбите. Слободни легла има, а неделава завршуваат и активностите за да може да се отвори модуларната болница да ја имаме како дополнителен капацитет. Но, факт е дека експоненцијално растат бројките и тоа детектиравме дека се случува најмногу, покрај тоа што треба да се почитувааат носењето маски и дистанца, најмногу се должи на собирањето на поголеми групи на места како што се кафулињата, каде факт е дека имаме ситуации на поблиску поставување на масите, ја повикувам инспекцијата да делува согласно насоките, но и граѓаните за време на празниците да ги редуцираат посетите“, рече Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани