
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод големиот празник 2 Aвгуст - Денот на Републиката, делегации на ОО СДСМ Битола положија свежо цвеќе и оддадоа почит на четири спомен обележја: пред Споменикот на паднатите борци пред Центраот за култура, Споменикот на загинатите Илинденци во село Цапари, пред споменикот Илинденци во „Св. Недела“ и пред Могилата на Даме Груев во Смилево. Делегацијата на СДСМ Битола во Цапари ја предводеше актуелниот директор на ЈП „Водовод„ Горан Козаров. .
.


Чествувањето на големиот македонски празник Илинден во Битола, започна пред Споменикот на илинденците, во Храмот „Света Недела“. Свежо цвеќе во нивна чест, положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.
Пред споменикот на двата Илиндени, кај Центарот за култура, свежо цвеќе положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници на Општинската организација на Сојузот на борци од Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.
По повод чествувањето на овој голем празник со двојно историско значење за државата, заменик градоначалничката Емилија Костурски истакна:
„Со чест и гордост ги продолжуваме традициите на нашите предци, а на нашите наследници им порачуваме: Почитувајте го делото на носителите на двата Илиндена, Илинден 1903 и Илинден 1944 и на сите кои ги дадоа животите за нашата слобода“.


Делегација предводена од Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, и Унија на ветерани и Унија на жени, по повод најголем македонски празник Илинден положија свежо цвеќе пред споменикот со с.Цапари.
