2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро во наредните две недели, од Владата информираат за повеќе детали околу спроведувањето на одлуката

Во Битола денес се регистрирани 33 новозаболени од коронавирусот, оздравени се 13 пациенти, а активни се 228 случаи. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорката на училиштето, Љубица Стерјева денес извршија увид во теренските активности за изградба на нови спортски терени за мал фудбал, кошарка, тенис и одбојка во ОУ „Тодор Ангелевски“, за чиј почеток Апла.мк информираше уште вчера. Општина Битола за реконструкцијата на спортските терени издвои над 3.700.000 денари. Покрај реконтруктивните зафати на спортските терени, ќе бидат набавени и потребните спортски реквизити.

Дополнително на спортските терени ќе биде поставено осветлување, со цел истите да се користат и во ноќните часови, а просторот ќе биде хорикултурно уреден. Локалните жители истакнаа дека во овој дел од градот има многу деца и изразија задоволство што децата наскоро ќе имаат можност да ги користат спортските терени за повеќе активности.ТОДРО

Владата донесе одлука, од утре 10 март, па во следните 12 денови, поточно до 22 овој месец ќе има полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро. 

„Одлуката е воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот сабајле, почнувајќи од утре вечер, 10 март, до наутро во пет часот на 22 март. Тоа се неполни две седмици, односно 12 дена. Ќе го следиме целиот процес и имаме предвид дека во април доаѓаат рамазанските пости и други прзници, па одлуката има и превентивна цел покрај причините за зголемувањето на самите бројки. Апелирам до сите граѓани максимално да се почитуваат одлуките. Ќе следуваат засилени контроли од страна на МВР и други инспекции. Ќе следуваат зашто граѓаните очигледно се опуштија во делот на почитувањето на мерките за лична заштита како што се носење на маска, дезинфекција, негрупирање и друго. Алармира самиот број на заразени граѓани дека итно мора да се преземат мерки, а ни треба најмногу помошта од граѓаните. Угостителските објекти се очекува да се придржуваат до мерките, дадени се пособни инструкции од Владата за позасилени контроли со конечна цел да продолжи економски да живее државата, а сепак да ги маркираме најголем дел од оние граѓани кои се социјално најактивни, општествоно најприсутни, а  тоа се младите кои се најголеми пренесувачи на заразата, понекогаш и без да знаат“, рече премиерот Зоран Заев.   

 

 

Кога го запрашале сиромавиот човек: - Што сакаш да ти дадеме за јадење, леб или млеко ? Сиромавиот одговорил: - Попара !

Сакал сиромавиот да креира, имал потреба од креација и (несвесно) користејќи традиционална храна, леб и млеко, искреирал модерно јадење – Попара. Модата и модерното се чудни појави, никогаш не знаеш од каде ќе те “нападнат”.

Дилемата што од секогаш и за секогаш ќе го мачи современиот - модерниот човек, е дали треба да се “робува” на традицијата и слепо да и се верува, и како да се создава и креира на модерен начин, под влијание на традицијата ? Како одговор, (од прва рака), се наметнува или потврдна или одречна форма. Да или не. Треба или не треба. Про или контра. Но, како и за многу други работи во животот, (така и во овој случај), не секогаш е црно или бело. Тадицијата не е контраст. Обоена е таа со сите бои на светот. Колоритот на традицијата не треба да го чувствуваме како терет, како неподнослива обврска, како некое страно тело. Таа, традицијата, мора да ни биде наш драг сопатник, наш добронамерен соговорник – нашето огледало. Веќе ги слушам (од далеку, како низ магла) зборувањата, несогласувањата и воздишките на современите - модерни уметници: - “Лесно е да се каже, лесно е со зборови”. Не, драги мои современици, не сте во право ! Оној што не знае да наслика, да изгради, да напише, да компонира, ТОЈ не знае ни да каже. Илузија е ако мислите дека односот кон традицијата е привилегија само на нашето модерно време ! Зарем мислите дека во минатите епохи им било полесно ? Зарем мислите дека на Ле Корбизие, Никола Тесла, Чајковски, Хомер, Да Винчи, Сервантес или Шекспир, им било полесно од Вас ? Не ! Ним, им било уште потешко. Многу, многу потешко од Вас, бидејќи тие врз себе го имале неподносливиот товар на нивниот талент.

   Единствениот збор, еквивалент на зборот традиција е - УЧИТЕЛ ! Зарем има некој што може да живее и егзистира без учител, без Апостол ? Учител е нашиот родител, учители се нашите предци. Или конечно, учител ни е и најголемиот меѓу сите - Природата. А знаете ли зошто ни се потребни тие учители ? За да не го губиме времето за работи, кои тие пред нас ги научиле. Да го искористиме нивното за да го направиме нашето. Да ги надополниме и надминеме предходните генерации, за да им покажеме како треба на идните генерации. Оти минатото е библиографија на иднината. Минатото е пасош за иднината. Ете затоа.

Единствено, СОЗДАТЕЛОТ наш, не ја познавал традицијата. После тие “Седум дена”, се наваму е – Традиција ! Еве, повторно ги слушам истите гласови од далеку и како низ магла: - “ Како да бидеме модерни, ако и се поклонуваме на традицијата ? Па, таа само не трга надолу, не враќа назад !” Јас, да бидам искрен, не знам што да Ви одговорам. Не знам ! Знам само дека никој не може да Ви одговори. Не постои одговор – рецепт. Традицијата е нераскинлив дел од нашиот код, дел од нашата ДНК. Единствено што можам, (ако Ви е од помош) е да Ве потсетам на “Шестиот ден”, денот кога Господ Бог го создавал човекот......

”Го создал Бог човекот, според обличјето негово. Но, човекот не се движел, бил мртов. И тогаш Господ Бог му хукнал воздух во устата човекова – ХУ, и човекот почнал да се движи - оживеал.” Е токму во тоа “ХУ”, лежи одговорот. Тоа “ХУ”, или го имате во Вас или го немате. Ако го имате, ќе проектирате модерни куќи, ќе пишувате модерна поезија, ќе сликате модерни мотиви, ќе компонирате модерна музика, потпирајќи се на традицијата. Ако го немате – цел живот само ќе препишувате од други.

Еве, и сега, како по традиција, и овој текст треба да го завршам со некоја поента. Не знам, можеби поентирав малку порано од колку што дозволува традицијата. Можеби и јас несвесно (како сиромавиот) сум искреирал модерен текст. Традицијата секогаш мора да биде во служба на креацијата ! Само така, секогаш ќе бидете модерни

Пишува: Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се манифестираат и со обилни крварења или со акутно воспаление на панкреасот.

Цветната штафета во Битола пристигна и во ООУ,,Елпида Караманди, Битола во соработка со ЈОУДГ,,Мајски Цвет,, Битола.  Почнувајќи од 21 јануари со почетокот на второто полугодие започна патот на Цветната штафета на кандидатот за Нобелова награда, Живко Поповски Цветин. Имено, штафетата започна да се движи од ООУ ,, Живко Брајковски” во општина Бутел Скопје. Својот обединувачки и мироносен пат го продолжи на 4 март кон битолското село Оптичари. Продолжи кон Бистрица, ООУ,, Крсте Петков Мисирков“ каде беа подарени 50 цветни картици. Така, на 8 Март активностите продолжија во ООУ,,Елпида Караманди во соработка со ЈОУДГ,,Мајски Цвет,, - Битола, каде се презентираа активности на првооделенците и малата група од градинката со пригодни песнички и рецитирање на стихотворби по повод Меѓународниот ден на жената. Цвеќето ги обедини во пораката за мир, добро здравје, благосостојба и храна за сите деца во светот.

Цветин подари над 80 цветни картици кои беа поделени на првооделенците и малата група од градинката како и цветни слики за градинката и училиштето. Со тоа придонесе за значењето на Денот на жената. Цветот и детето се симбол на невиност, хармонија и чистота. Цвеќето со својата симболика ги пренесува емоциите на срцето и се користи за испраќање пораки. Порака е испратена со симболиката на моќниот број седум. Седум балони кои ќе ја пренесат пораката на седумте континенти...158480373 729377431087641 3631303506187553586 n

158838757 729378694420848 1554410956210970626 o

158843352 729377991087585 3860050035050620660 o

Во два наврата битолската Противпожарна единица вечерва гаснеше дива депонија на населбата Баир, за која постојат индиции дека некој ја потпалува.

Како што за Апла.мк соопшти комадирот Горан Димкоски депонија се наоѓа на крајот од улица Дебарска под мостот. Првиот пожар бил пријавен во 18 часот, а пожарникарите само што го изгаснале и се вратиле назад, повторно добиле дојава дека гори на истото место, по што екипата повторно се упатила таму. Интервенцијата е отежната зашто до местото каде што се наоѓа депонијата нема асфалтен пат. Димскоски вели дека нема опасност по околните куќи и дека пожарот ќе биде ставен под контрола. 

Инаку, според битолчани кои живеааат на Бајрот скоро секој ден се случува да се пали сметот во годниот дел каде што е дивата населба, се палат гуми, кабли, па дури и ѓубре зад оградата што е подигната на патот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани