
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полноводие во водотеците на Пелистер, Лак Поток и Црвена Река од кои Јавното претпријатие „Водовод“ црпи вода, соопштија надлежните. Водата надојде со обилните дождови кои врнат деновиве и засега позитивно влијае во однос на сушниот период од претходно.
Поради дефект на водоводната мрежа на улицата "Прогрес" во Битола без водоснабдување се село Поешево и улица "Индустриска".
Времето денес и утре (понеделник) ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во северните и северозападните делови (над 50 л/м2) на места поројни, проследени со засилен ветер.
Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува ново заладување со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.
Извор: УХМР
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во текот на празничните денови беше во посета на РЕК Битола и на работниците кои за време на празниците Бадник и Божик ги извршуваа своите работни задачи, информираат од Државните електрани