
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Граѓаните на Република Северна Македонија денес го празнуваат 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ - Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа столбовите на Републиката и на државноста.
Одбележувањето на празникот ќе започне со настаните во Скопје, во организација на Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 09:00 часот.
Собраниската делегација, која ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев.
Програмата во Скопје потоа продолжува со обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и со празнична културно-уметничка програма.
Владината делегација во Скопје ја предводи министерот за здравство Венко Филипче, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.
Државната празнична програма продолжува пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија-АСНОМ со почеток во 09:45 часот.
Делегацијата ќе ја предводи претседателот на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Програмските содржини во Пелинце започнуваат со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма.
Потоа следува обраќање на претседателот Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и завршниот дел од културно-уметничката програма.
Државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски започнуваат со панихида во храм Св.Никола, во 10:20 часот, по што ќе следува полагање на свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање на свежо цвеќе на споменикот на хероите на Слива.
Владината делегација во овој дел од програмата ја сочинуваат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани.
Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август - Денот на Републиката ќе започне во 18:00 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на Армијата на Република Северна Македонија и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.
Владината делегација за централниот дел од настанот ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Програмата за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа и традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар.
Програмските содржини во Смилево почнуваат со положување цвеќе на могилата Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред во 09:00 часот, по што следува посета на Меморијалниот музеј и положување цвеќе на споменикот на Даме Груев.
Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија во Смилево ја предводи заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска.
Фабриката за опрема и делови од Битола им го честита националниот празник Илинден на сите граѓани на Република Северна Македонија. Одбележувајќи 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ, им оддаваат почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на нашата слободна и независна држава, додавајќи дека големиот празник Илинден е вечна инспирација за современите генерации во градбата на стабилна, економски моќна, достоинствена и меѓународно почитувана држава.
Во Битола денеска се регистрирани 7 новозаразени од ковид-19, со што бројот на активни случаи се искачи на 25.
ЈП Водовод информира дека поради дефект на пумпната станица "Кирил Мајски" во Нова Битола, која го снабдува со вода делот над Брусничка населба до селото Брусник, без водоснабдување ќе бидат граѓаните во овој дел од градот.
Времето денес е сончево и особено топло со мала локална облачност во северните делови. Максималната температура е во интервал од 35 до 43 степени. УВ=9
Општинските јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Пазари“ и „Нискоградба“ упатуваaт честитка до граѓаните на Република Северна Македонија по повод одбелжувањето на двата историски Илиндена, 118 години од Крушевската Република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ, со кои им се оддава почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на нашата слободна и независна држава.
Од АД ЕСМ подружница РЕК Битола И Синдикатот при РЕК на граѓаните на Република Северна Македонија им го честитаат големиот национален и верски празник Илинден, кој претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес да живееме во слободна и независна држава, празник во кој се чествуваат храбрите илинденци и пожртвуваните партизани од Народнослободителната војска кои ги положиле животите за создавање на сопствена и слободна држава. На сите граѓани им посакуваат овој голем ден да го поминат во здравје, среќа, радост и љубов.
