
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес, на првиот ден од пролетта, Битола е зафатена со снежни врнежи и максимална температура до два степени Целзиусови.
Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19 во:
Управата за хидрометеоролошки работи излезе со метео предупредување
Денес во Битола има 35 новозаболени и 416 активни случаи, а хоспитализирани се 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
„Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во Битола е подготвена за првите директни, непосредни, внатрепартиски избори за претседател на СДСМ кои ќе се одржат в недела, на 21 март.
Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19, а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.
Во Битола, од над 6.000 ажурирани членови на СДСМ, правото да гласаат го избрале 5.222 социјалдемократи. Ќе се гласа во 17 избирачки места кои ќе бидат отворени од 8:00 до 19 часот.
Членовите што ќе гласаат, со себе задолжително треба да ја имаат електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација - лична карта или пасош.
Со организација на првите внатрепартиски, непосредни избори за претседател, СДСМ поставува нови демократски стандарди во политичкото дејствување. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната и најмодерната партија – СДСМ.
На 21 март, в недела, гласаме за новата политика на СДСМ. Политика со која секој од нас ќе може да даде и повеќе и подобро“, информираше портпаролката на СДСМ Битола, Невена Димовска.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола на денешната седница информираше дека деновиве започна дотурот на огревно дрво за оние пензионери што навреме ги уплатиле давачките за огрев. Се очекува до крајот на септември сите пензионери што се запишаа за добивање на огревно дрво да ги добијат потребните количини.
Претседателот на извршниот одбор на Здружението на Пензионери од Битола, Томе Димитровски, кој раководеше со седницата најпрвин информира за активностите на Сојузот на пензионери на Македонија каде егзистираат 53 здруженија дека согласно мерките за заштита од Ковид 19 и годинава да се одржат одредени активности од културно забавниот и спортскиот живот на пензионерите кои се 16% од населението во државата.
Членовите на ИО донесоа одлука за донирање на 20 илјади денари за набавка на материјали за поуспешно справување на медицинските установи за заштита од пандемијата. Исто така, се донесе одлука да се склучи Меморандум за соработка со Македонското научно друштво од Битола. На седницата на ИО на Здружението на пензионери од Битола, Димитровски истакна дека и во Сојузот на пензионери минатогодишното работење е позитивно зашто се работело економично и домакински.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг денеска го одбележаа 21-ви март - Светскиот ден на поезијата. На почетокот на средбата се обрати директорот на библиотеката Бојан Стефановски кој рече: „Светскиот ден на поезијата е можност да се сврти вниманието на секој жител на планетата кон единствената карактеристика на поезијата, допирање на најдлабоките жици на душата во една личност, будење на креативни способности и одговарање на какви било духовни прашања. Многу луѓе го наоѓаат својот мир и релаксација во поезијата, благодарение на поетскиот збор, учат да се разберат себеси, во своите мисли и емоционални искуства. Друга важна цел на празникот е можноста да им се каже на почетниците писатели и малите издавачи. Овој ден е еден вид поттик за развој не само на поезијата, туку и на другите видови уметност, бидејќи во настаните е вклучена каква било креативна насока, било да е тоа танц или музика“.
Секоја година, 21-ви март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “добредојде” на пролетта, на екологијата и ќе го прославиме и Светскиот ден на поезијата. Една од повеќето причини зошто се означува токму Светскиот ден на поезијата, е одржување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности. Одлуката токму 21-ви март да се прославува како Светски ден на поезијата била усвоена во Париз во 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поетите кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг даваат поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите.
На средбата во Библиотеката читаа Бети Јончиќ, Милица Радевска, Златко Жоглев, Даниела Андоновска Трајковска, Мирјана Стојановска, Михајло Свидерски, Илче Стојановски и Гордана Стојановска.