Објава на Фејсбук неточно тврди дека со вакцината се менува ДНК на примателот. Во постот е испуштено да се наведе дека спајк протеинот, кој се создава после вакцинацијата, не е ист ни по квалитет, ни по квантитет со спајк протеинот на коронавирусот
Не им верувајте на политичарите, на медиумите на лекарите… Сите лажат и се глобалистички слуги. Вирусот е безопасен зашто во земјава населението има стекнато природен имунитет и затоа не се вакцинирајте… Ова е сублимат од дезинформациите што се објавени во пост на Фејсбук