
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пензионери и денес продолжи со своите активности согласно мерките за здравствена заштита. На посебни три седници се одржани средби со претседателите на месните ограноци со кои раководеа претседателот на Извршниот одбор Томе Димитровски и претседателот на Собранието Крсте Белевски. Главни точки на дневниот ред беа програмата за активност во наредната година и финансискиот план за истата. За овие прашања деновиве расправаа и членовите на Извршниот одбор како и пензионерите кои се акативни во Собранието.
Оценка е дека и покрај пандемијата годинава предвидените активности се доследно извршени со водење на сметка за економично работење,а во програмата за работата за идната година исто така ќе се настојува Здружението да ги спроведува сите активности. Главен акцент ќе биде ставен на здравјето на пензионерите и активностите во месните заедници каде што за тоа има услови да се отворат клубови на пензионери.
61-годишната битолчанка М.П.вчера пријавила во СВР Битола дека пред два дена во 2,30 часот по полноќ била физички нападната во нејзиниот дом. Лицето кое ја нападнало одзело акумулатор од нејзиниот дом, по што побегнало во непознат правец. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Правната клиника при Правниот факултет во Битола пред Новогодишните празници успеа да развесели сто деца, од кои најголемиот дел со здравствен или социјален ризик. Хуманитарната акција што ја организираа опфати:
„Моќна и магична е хуманоста. Нова година и Божиќ, како и ред други празници се само денови кога повеќе се размрдуваат емоциите на луѓето и ги тераат да размислуваат дека треба да им се помогне на немоќните. Затоа, ние како Правна клиника се потрудивме, со сите сили, да ја активираме хуманоста и да докажеме дека и во време на Ковид 19 , таа не е ретка птица која лета во рамките на напатеноста! Животот во овие тешки времиња, очигледно го разбуди човекот во нас и не направи пресреќни и нас како организатори и сите дечиња на кои празниците им ги направивме поубави, повесели и со надеж за подобро утре“, велат организаторите.
Тие им се заблагодарија на студентите од Правната клиника и дел од колегите од Правниот факултет-УКЛО-Битола, како и на други фирми кои ја помогнаа акцијата.