
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„30 години не се зборуваше за образование, не инвестиравме како држава. Има ли држава која може да биде силна, која се стреми да постигне стандарди европски, па и светски, а притоа не инвестира во образование, а на полна уста зборувате дека сте патриоти? Како некој може да биде патриот, а не се секира дали утре ќе имаме лекари, наставници, инженери. Каква е таа држава која својот капацитет не го гаи од најамала возраст? Рековме тоа ќе се промени зашто тоа го бараа наставниците, учениците, родителите зашто сите тие кои гледаа дека образованието не чини ги испраќаа децата надвор или ги запишуваа во приватни училишта. Такво нешто значи директно уништување на државата. И сега некој кажува дека сме брзале, дека требало полека, а јас велам да ние треба да одиме со брз чекор зашто вие 12 години не само што ништо не поместивте туку и уназадивте“, рече министерката за овразование Мила Царовска на трибината на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.
-И денес без страм и перде не само што ги кочат реформите во образованието, туку се обидуваат на секој начин и понатаму да ги деградираат наставниците. Но, јас пред сите вас ветувам, а и пред нив во интерес на децата и на државата дека новиот концепт од септември почнува во прво и четврто. Тој ќе ги покаже резултатите и позади него сите на крај ќе застанеме. И тие ќе застанат зашто нашите деца ќе бидат задоволни, зашто програмите се усогласени со новото време, зашто нашите деца треба да научат да учат, да поврзуваат и да се справуваат со проблеми, се што денес не учат. И нашите деца не се помалку интелигентни од децата во развиените земји. Но, ние им го крадеме потенцијалот, неодговорно и себично како возрасни. Коколу и да се непопуларни политики во моментот ќе продолжиме да го работиме зашто знаеме дека за многу скоро ќе станат продуктивни здрави политики, рече Царовска.
На израелскиот амбасадор во заминување, Дан Ориан, Државниот архив му подари неколку книги, меѓу кои Монографија за седум деценискиот јубилеј на институцијата, како и копија од пергаментот од 13-ти век напишан на старо-еврејски јазик.
Амбасадорот на државата Израел во Република Северна Македонија, Дан Ориан, деновиве го посети одделението на Државниот архив во Битола и разговараше со раководителот Гоце Стојановски. На средбата амбасадорот беше запознат со актуелните настани поврзани со работата и функционирањето на Државниот архив, со процесите на дигитализацијата, како и со податоците во врска со богатиот архивски материјал за еврејската заедница која што живеела во Битола. На средбата стана збор и за продлабочување на соработката меѓу Архивите на двете земји и за размена на експерти од областа на историјата и архивистиката.
