
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ноќта помеѓу 17 и 18 јули кај местото Беловодица во заедничка координирана акција на прилепската и крушевската шумска полиција разбиена е поголема група на дрвокрадци, при што одземено е едно комбе со кое се превезувале нелегални дабови огревни дрва во количина од 5 м3.
Помина првата недела од теренската вакцинација низ руралните население места во Битолско. Според официјалните податоци од 12 до 17 јули беа вакцинирани 945 лица. Во истиот овој период на вакциналниот пункт во спортската сала на медицинското училиште во Битола, каде се изведува масовната вакцинација се аплицирале 4258 дози со вакцини против коронавирус. Утре, 19 јули, продолжува теренската вакцинација во Горно Оризари, Кукуречани, Крклино, Раштани, Драгожани, Секирани, Габалавци и Црнеец. Во сите овие места вакционацијата ќе се одвива во училиштата, освен во Црнеец во Домот на месната заедница.
И секој ден да доаѓа во Битола, и во Битола да се пресели, Христијан Мицкоски нема да ги убеди битолчани дека ДПМНЕ има идеја, капацитет и легитимитет да раководи со Битола, пишува во писмената реакција на СДСМ по синоќешната посета на Битола од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски и локалното раководство на ДПМНЕ прво што треба да направат е да им се извинат на битолчани за дванаесетте залудно потрошени години во кои аир видоа само неколкумина тогашни функционери. Дел од нив и ден денес чекаат правосилни пресуди. Мицкоски и неговите локални пајташи да им се извинат на битолчани за криминалот и корупцијата што ги направија нивните сопартијци чии слогани и ден денес мислат дека се примамливи. Мицкоски и неговите локални потрчковци да и се заблагодарат на СДСМ што со домаќинско и одговорно работење ја издвади Битола од калта во која ја оставија токму функционерите на ДПМНЕ. Битолчани нема да дозволат Битола да се врати во времето на Двојче, Трајче, Боки, Жабата, Цеца...“, пишува во реакцијата.
На денешен ден, 17 јули во 2016 година во Скопје, починал Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Поради големите летни жештини, водостојот на изворите Црвена, Лак Поток и Сапунчица е намален и затоа има намалување на притисокот и количините со вода на викенд населбата над селото Ниже Поле.
ЈКП „Водовод“ Битола апелира до граѓаните рационално користење на водата, бидејќи можни се прекини со водоснабдувањето, поради намалувањето на количините со вода за пиење на потегот - викенд насеба над селото Ниже Поле.
