2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во последните 24 часа се направени 2827 тестирања, а регистрирани се 883 нови случаи на ковид-19 во:

Со онлајн концерт насловен „Бетовен во Битола“ Здружението за македонско-германско пријателство од Битола се вклучи во чествувањето на 250 годишнината од раѓањето на големиот светски композитор Лидвиг ван Бетовен. Воедно Здружението испрати и честитка за големиот јубилеј до „Бетовен музејот“ во родниот град на композиторот Бон.

„Рихар Вагнер рекол јас верувам во Господ, Моцарт и Бетовен, вербата во нив и големиот јубилеј 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен беа повод Здружението за македонско-гермaнско пријателство и соработка од Битола да организира концерт. При ваквите јубилеи два аспекта се важни: новата средба со новното дело и новата радост од она што го створиле и ни го подариле. Да отсвириш погрешна нота е незначително, да свириш без страст е неопростливо, рекол Бетовен. Нашите уметници со страст ги свират и ги пеат неговите дела“, рече Валентина Илиева, претседател на Здружението.

На концертот кој траеше еден час настапија уметниците Бобан Рајчиноски тенор, Марина Коруновска мецосопран, Фросина Макаловска сопран и Маја Митровска сопран во придружба на искусната  пијанистка Татјана Божиновска и помладите пијанисти  Ксенија Поповска, Андреа Николовска и Арсениј Ангелевски.

Концертот може да се погледне на веб страницата на Здружението www.zmgps.org.mk како и на нивниот јутјуб канал.

Погледнете го концертот:

https://zmgps.org.mk/?page_id=1131&fbclid=IwAR0DPDyqP6oJXYEM9UACM6g6kJBvrPCYZSOzYu5kRrG11iB96pZL6IBJsMM&lang=de

 

 

На 65-тата Седница на Советот на општина Битола, советникот Николче Јанкуловски од ПОДЕМ предложи измена на дневниот ред на седницата со следната точка: Барање од Советот на општина Битола до Владата на РМ за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година во износ од 30.000.000 денари на Општина Битола, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со COVID – 19 кризата. Од ПОДЕМ велат дека барањето не го поддржале советниците од мнозинството.

"Очекувам за ова барање да ме поддржите, бидејќи Битола е еден од најпогодените градови во кризата, и како град со регионален Ковид- центар,и колку Советот да издвојува средства, тоа се премалку во однос на потребите кои ги имаат и граѓаните, медицинскиот персонал, локалните фирми. А бидејќи Битола има и министер во Владата, кој само на зборови се декларира како голем локал патриот, очекувам како што на 11.12.2020 гласа за одобрување на исто толкав износ за општина многу помала од Битола и многу помалку погодена од ковид кризата, очекувам да даде и поддршка и за Битола."

Штабот за заштита и спасување на Општина Битола, денес одржа on - line состанок, кој го водеше началникот на штабот Кире Ѓоргиевски.

Директорите на здравствените институции во информацијата за актуелната состојба со КОВИД 19 информираа дека во Битола, зголемената бројка на новозаболени која се појави последните месеци, во моментот е во мала стагнација, но заштитата и почитувањето на мерките и понатаму се клучни за подобрување на епидемиолошката состојба.

Идната недела ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови што е важен предуслов за рана детекција на вирусот, како и брза интервенција од страна на здравствениот персонал.

На состанокот, беше заклучено дека Општина Битола и јавните претпријатија, веќе ги завршија своите активности во однос на подготовка на теренот за поставување на модуларните болници во Битола.

Општинскиот кризен штаб, апелира во празничниот период кој претстои, одговорно да се однесуваме за да се заштитиме себе си, но и да не го загрозиме здравјето на другите.

Во Ресен денеска свечено беше отворена новата ултра модерна градинка „Јаболче“.
Во присуство на градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпанска, денес свечено беше пуштен во употреба, новиот објект ,,Јаболче" во склоп на ЈОУДГ – ,,11-Септември".
Градинката ќе има капацитет од 102 деца, организирани во пет воспитно згрижувачки групи и ќе работи според највисоки стандарди.
 
 
Претпразнично, наубавите детски творби на малите талентирани уметници од целиот светот !
?
 
 
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани