
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 48 годишна возраст почина Драган Китановски, актуелен и извршен директор на ЗК Пелагонија. Китановски ја загуби битката со ковид-19 и почина вчера во болница во Скопје. Беше просперитетен стопанственик, истакнат менаџер, а битолчани со неверување ја дочекаа веста за неговата прерана смрт.
Произведени се околу 3000 килограми компост во рамки на шестмесечното пилот функционирање на био-компостерот во рамки на проектот „Симбиоза“ во кој како носечки партнер е ЈП „Комуналец“ од Битола. Тие компостот го користат за сопствени потреби во нивните расадници за цвеќиња и дрвја. Квалитетот на компостот е добар и може да ги замени ѓубривата. Сега на крајот на проектот ЈП Комуналец е способен
за независно работење на био-компостер и производство на квалитетен компост.
Денес ќе се одржи завршната конференција на проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад“ – Симбиоза. Проектот е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија“, а ЈП Комуналец – Битола е водечки партнер на проектот.
Во рамките на проектот „Симбиоза“ за прв пат во Општина Битола се организира селекција на органски отпад. 2000 канти за органски отпад од 120 l се дистрибуирани до домаќинствата и малите бизниси. 200 канти за органски отпад од 240 l се дистрибуирани до средни производители на органски отпад (на пример поголеми ресторани и хотели). 35 контејнери за органски отпад од 1,1 м3 се дистрибуирани до поголемитепроизводители на индустриски органски отпад.
За прв пат во Општина Битола се организира селективно собирање на органски отпад. Набавено специјално возило, со капацитет од 12 м3, за собирање и транспорт на селектираниот органски отпад. ЈП Комуналец Битола потпиша договори со 10 поголеми индустриски производители за селекција и подигнување на органски отпад. Дел од собраниот органски отпад се рециклира во био-компостер. Пилот био-
компостер, со капацитет од 6 м3, е набавен и инсталиран во депонијата за отпадоци Мегленци.
„Селекцијата на органскиот отпад и работата на био-компостерот продолжува. Но, ова не е нашата крајна цел. Развивме и неколку студии со идеен проект за големарегионална постројка за компостирање на органски отпад“, велат од битолски „Комуналец“.
Во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 323 -Куманово 23 -Штип 8 -Прилеп 38 -Тетово 19 -Струга 15 -Велес 22 -Битола 36 -Охрид 28 -Кавадарци 25 -Гостивар 17 -Гевгелија 6 -Струмица 13 -Крива Паланка 6 -Радовиш 10 -Кочани 12 -Пробиштип 4 -Македонски Брод 4 -Пехчево 1 -Берово 7 -Валандово 5 -Виница 2 -Делчево 7 -Кратово 1 -Свети Николе 4 -Кичево 5 -Ресен 5 -Неготино 11
Починати се 31 лице, десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г), тројца од Куманово (57, 74 и 81г), еден од Дебар (81г), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г), двајца од Тетово (59 и 81г), еден пациент од Струга (75г), еден од Охрид (47г), еден од Кавадарци (51г), тројца од Гостивар (60, 75 и 68г), двајца од Струмица (72 и 83г), еден од Крушево (76г) и еден пациент од Делчево (65г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти од: -Скопје 349 -Куманово 37 -Дебар 8 -Штип 29 -Прилеп 70 -Тетово 29 -Струга 60 -Велес 37 -Битола 36 -Охрид 28 -Кавадарци 36 -Гостивар 45 -Гевгелија 5 -Струмица 18 -Крива Паланка 3 -Радовиш 9 -Крушево 1 -Кочани 13 -Пробиштип 4 -Демир Хисар 1 -Македонски Брод 3 -Пехчево 4 -Берово 9 -Валандово 2 -Виница 4 -Делчево 24 -Кратово 3 -Свети Николе 10 -Кичево 20 -Ресен 9 -Неготино 14
Досега во земјата се направени вкупно 373.738 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613.
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човекови права, Младински културен центар - Битола вечерва со почеток во 18 часот во Малата сала при Центарот за култура ќе организира проекција на филм и дебата. Настанот ќе вклучува проекција на игран филм “The Reformist” од данска продукција и модерирана дискусија за темата на филмот со присутните на проекцијата. Модератор на настанот ќе биде Рената Јајоска - поранешна потпретседателка на Млади европски цоцијалисти (Young European Socialists YES).