
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
КЈП Нискоградба Битола ги известува
жителите на с. Буково дека на 30.03.2021 г (Вторник) од 08:00 до 13:00 часот сообраќајот на патен правец од Буковски Ливади до Буково ќе биди во прекин поради изведување на градежни работи на самиот патен правец.
На обвинувањата на партискиот секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ и поранешен советник, Никола Котовски, за злоупотреби при набавката на фотоволтаиците во ЈП "Пазари", денеска се огласија и прозваните, директорот Владо Атанасовски, како и Валентин Груевски, вработен во јавното претпријатие кој ја спровел јавната набавка. Реакциите ги пренесуваме интегрално.
Реакција на директорот Владо Атанасовски на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ
Менаџментот на трите претпријатија КJП "Нискоградба", ЈП "Комуналец" и ЈКП "Водовод" Битола, како превентивна мерка за заштита на здравјето на вработените и корисниците на услугите донесоа одлука за времено затворање на Наплатниот пункт на улица Рузвелтова во период од 29.03.2021 до 04.04.2021 година.
Доколку има потреба од продолжување на оваа превентивна мерка, соодветна информација навремено ќе биде доставена до медиумите за информирање и споделена преку социјалците мрежи.
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај Жабени, загина битолчанец на околу 30 годишна возраст.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 28 МАРТ, во 2014 година, во Битола почина Гавро Пановски-Јуноша, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.